„Детето разбира, знае да зборува, но не сака“ - зошто се појавува говорен негативизам?
Говорниот негативизам е еден феномен каде што детето, разбира, знае да зборува, но не сака. Нешто повеќе на оваа тема ни пишува логопед Симона В. Николовска.
Како се манифестира:
1. Детето не сака да комуницира, затворено е и може да покажува агресија.
2. Тоа избегнува да комуницира не само со возрасни, туку и со врсници.
3. Детето е тивко и повлечено.
4. Искажува силна самостојност, која често доведува до заблуда.
Кои се причините за говорен негативизам?
1. Родителите интензивно настојуваат детето да зборува.
2. Честопати форсирањето од страна на родителите за јасен и чист говор исто така може да доведат до говорен негативизам.
3. Детето често се наоѓа во средина каде има деца кои подобро зборуваат од него.
4. Родителите инсистираат детето да каже нешто, на пр.: „Ајде кажи вода”, „Повтори, кола” итн.
Што е она што треба да се знае за децата со негативизам во говорот?
Не треба да се прави мешање помеѓу доцното прозборување и говорниот негативизам.
Говорниот негативизам не претставува ниту инает ниту тврдоглавост на детето, ниту пак може да помине со поткуп и договор склучен меѓу родителот и детето.
Говорниот негативизам не е состојба која може да мине сама од себе, со тек на времето.
За решавање на проблемот со говорен негативизам, потребна е добра организација и координираност помеѓу родителот, логопедот и психологот.
Логопедот Симона Василеска Николовска може да ја следите на Инстаграм.
Доколку имате прашања и предлози за тема на разговор со логопедот, испратете ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Прочитајте и: До која возраст може да се толерира неправилниот изговор на гласовите кај децата?
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
фото: depositphotos.com