„Не го губи своето јас поради другите“ – 11 работи што секоја мајка треба да ѝ ги каже на својата ќерка
Помогни кога можеш, но не давај сè од себе за сите. Повеќето луѓе нема да го ценат тоа.
Ако сакаш да дознаеш каков е некој маж, обрни внимание на тоа како ги третира животните. Личноста со добро срце никогаш нема да повреди животно, дури и ако не е љубител на животни.
Немој да го изгубиш своето јас поради другите. Животот е патување, а на твоето патување, само ти ги донесуваш одлуките. Размисли – дали е подобро да се обидуваш да им удоволиш на сите, или да го живееш животот по свои правила и да бидеш вистински среќна?
Верувај во себе. Кога ќе ти се разниша самодовербата, обиди се да се фокусираш на твоите квалитети. Не ги слушај другите, бидејќи само ти знаеш што е најдобро за тебе.
Материјалните нешта можеби ќе те направат среќна, но оваа среќа е краткотрајна. Не ги слушај другите и фокусирај се на искуствата – кога, на пример, ќе ја посетиш дестинацијата од соништата, сигурно нема да ти биде важно колку е скапа твојата облека.
Многу пријатели од средно ќе исчезнат од твојот живот веднаш откако ќе завршите. Ако сепак имаш среќа да останеш блиска со барем еден, чувај го и негувај го тоа пријателство.
Спирова С. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Писмо од вашето дете до вас: „Мамо, не брзај да ме направиш возрасен, дозволи ми да бидам дете“
Мамо, покажи ми дека секогаш можам да зборувам со тебе. И кога ќе пораснам, ќе м...

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“
„Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...

6 работи кои НЕ треба да му ги кажете на родител кој го загубил своето дете
„Сè се случува со причина“ – ова е најизлишната фраза што можете да ја искористи...

„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“
„Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Мамо извини за секој лош збор, за секојпат кога сум ти се развикала без причина
Многупати сум ѝ се развикала на мајка ми само затоа што кажала или направила неш...

„Родителите ме тепаа и немам трауми“ – Грешките на родителите што несвесно ги пренесуваме врз децата
Колкупати ви се случило да слушнете некој израз што го кажуваат вашите деца и да...
-->