Моите деца ќе бидат просечни - не, нема да станат претседатели, ниту спортски ѕвезди...
Јас ги растам моите деца како просечни деца. Тие нема да бидат професионалци во ниту еден спорт. Со сигурност нема да стапнат на Месечината. Ниту пак ќе бидат претседател на држава.
Но, се надевам дека ќе знаат да сакаат и да го ценат животот бескрајно.
Тие ќе бидат пријателот кој прави домашна супа и ја носи кај семејството на блиските кога им е најпотребна.
Ќе му помогнат на комшијата да го исчисти снегот за да може да излезе полесно со колата.
Ќе знаат како да слушаат – особено оние на кои им се најмногу потребни.
Ќе најдат време да се јават на оние на кои треба да им се јават.
Ќе испраќаат честитки за роденден.
Ќе знаат како да простат.
Да бидат емпатични.
Ќе знаат да кажат „Извини“ и „Прости ми“.
Ќе знаат како да бидат ранливи и да се расплакаат во нечија прегратка.
Ќе знаат да постават граница.
Да, јас растам просечни деца.
Просечни деца кој ќе знаат да љубат натпросечно.