Како децата да ги примаат потребните витамини лесно и без одбивност?

Внесувањето витамини за децата е императив посебно во зимските месеци кога на организмот му е потребно дополнително потхранување со состојки кои го засилуваат имунитетот.

kako-decata-da-gi-primaat-potrebnite-vitamini-lesno-i-bez-odbivnost-01.jpg

Витамините посебно А, од групата Б, витаминот Д, исклучително важен во овој период, како и витаминот Е покрај примарната функција во одредени процеси во организмот, своја улога имаат и во целосното јакнење на имуниот систем.

Но, за јакнење на имунитетот покрај витамините, имунолозите и педијатрите препорачуваат исхрана богата со минерали и нутриенси, со акцент на протеини и калциум, заради нивниот вкупен заеднички придонес кон отпорноста на организмот кон болести и инфекции.

Овошјето и зеленчукот како најдобар извор на витамини и минерали, не се постојано достапни, а покрај тоа треба да се консумираат во поголеми количини за да бидат задоволени потребите на организмот. Исто така, кај некои деца постои отпорност кон овошје и зеленчук, па затоа алтернатива се млеката со збогатен, витамински состав како што е Битолското млеко со 10 витамини.

„Најдобар начин за примање на потребните витамини е преку храната, и производи збогатени со витамини. Со секојдневно внесување на разновидна храна се обезбедуваат потребните хранливи материи, витамини и минерали кои се неопходни за правилен раст и развој на детето. При тоа се обезбедува максимална искористливост на истите и нема опасност од преголемо внесување на одредени витамини” вели педијатар имунолог, д-р Катарина Ставриќ.

Докторите посебно го издвојуваат значењето на минералот калциум и неговата улога во зацврстувањето на коските, но, според нив потребно е да се внесуваат секојдневно и во големи количини за да се обезбеди потребната доза калциум која инаку се обезбедува и со една чаша млеко.

„Млекото е најдобар извор на калциум затоа што е во форма која лесно ја апсорбира телото, а збогатените млека со витамин Д, дополнително ги задоволуваат дневните потреби и од овој витамин. Улогата, пак, на витаминот Д е подобрување на ресорпцијата на калциумот и фосфорот од млекото и ја одржува соодветна нивната концентрација во крвта. Со тоа се обезбедува нормално окоснување на коските. Калциумот е посебно важен кај детскиот организам кој интензивно расте во првите години на живот, но и покасно особено во периодот на пубертет”, додава д-р Ставриќ.

Улогата на млекото во формирањето на младиот организам е неспорна, и затоа потребно е да се консумира континуирано. Иако децата сакаат да пијат млеко, сепак како дополнителен стимул за примање на потребните дози од витамини, калциум, протеини, фосфор, е Битолското чоколадно млеко со десет витамини, коешто ги поседува потребните хранливи состојки и го снабдува детскиот организам со тоа што му е потребно за правилен раст и развој.

Би можело да ве интересира:

Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...
7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
Децата не се наша сопственост - Нахранете ги, образувајте ги и пуштете ги Кога ќе се уверат дека ги научиле сите лекции, децата си заминуваат, а ние остан...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg