Родителски грешки поради кои децата не се задоволни од својот изглед кога ќе пораснат

Многу луѓе имаат проблем со самодовербата, особено кога станува збор за нивниот изглед. Неретко, пак, овој проблем потекнува уште од нивното детство.

roditelski-greshki-poradi-koi-decata-ne-se-zadovolni-od-svojot-izgled-koga-kje-porasnat-1.jpg

Секој родител му го посакува најдоброто на своето дете, но бидејќи и родителите се само луѓе, и тие се склони кон некои грешки. Проблемот е што, понекогаш, овие грешки во воспитувањето можат да ја разнишаат самодоверба на детето, па тоа се претвора во несигурна личност. Родителите имаат влијание и врз мислењето на детето за неговиот изглед, па ако не внимавате што прават и што му зборуваат, нивното дете може да порасне во личност која е убедена дека е грда.

Во продолжение погледнете за што станува збор:

Постојано го поправате изгледот на детето

Ниту едно дете не се срами од својот изглед, сè додека некој не му посочи дека нешто не е во ред. Не би требало постојано да го поправате и средувате изгледот на вашето дете, или да му кажувате работи како „покриј ги ушите со косата“ или „собери го стомакот“.

Можеби вие му мислите најдобро, но според психолозите, овие зборови дефинитивно ќе го натераат детето да го мрази својот изглед. Поради ова, тоа ќе биде срамежливо и ќе има сериозни проблеми со самодовербата.

roditelski-greshki-poradi-koi-decata-ne-se-zadovolni-od-svojot-izgled-koga-kje-porasnat-02.jpg

Постојано го критикувате вашиот изглед

Децата најдобро учат од пример, па ако вие постојано се жалите кога сте пред огледало, најверојатно и вашето дете ќе го прави тоа.

Некои истражувања покажале дека девојчињата чии мајки постојано го критикувале својот изглед, особено на телото, имале поголема веројатност да развијат нарушување во исхраната.

roditelski-greshki-poradi-koi-decata-ne-se-zadovolni-od-svojot-izgled-koga-kje-porasnat-03.jpg

Го критикувате изгледот на детето

Ако му велите на детето дека има „нозе како стапчиња“, дека е „подгрбавено како кифла“ или која било критика на сметка на неговиот изглед, дефинитивно ќе ја разнишате неговата самодоверба.

Немојте никогаш да го критикувате изгледот на детето и немојте никако да го споредувате со нешто друго. Ако сте загрижени за нешто, како подгрбавеност, подобро објаснете му зошто е важно да оди исправено, отколку да го навредувате.

roditelski-greshki-poradi-koi-decata-ne-se-zadovolni-od-svojot-izgled-koga-kje-porasnat-04.jpg

Му велите дека вишокот килограми, брчките и слично се најужасно нешто

Некои истражувања покажале дека кај девојчињата, желбата за слабеење се појавува уште на 6-годишна возраст. Ова, се разбира, не е воопшто во ред.

Ако вашето дете има прекумерна тежина, помогнете му да се храни поздраво, но немојте да го навредувате поради дебелината.

Истовремено, ако постојано зборувате дека брчките или што било што е природно е лошо, детето ќе развие погрешна се слика за тоа како треба да изгледа.

roditelski-greshki-poradi-koi-decata-ne-se-zadovolni-od-svojot-izgled-koga-kje-porasnat-05.jpg

Ги нагласувате недостатоците во изгледот на другите луѓе

Важно е да го научите детето дека не треба да ги оценува другите според изгледот, туку според однесувањето. За да успеете во ова, воздржете се од критиките кога сте со вашето дете.

Ако обрнувате внимание на туѓите недостатоци, детето не само што ќе го следи вашиот пример, туку ќе почне да ги бара тие недостатоци и кај него. А, ако ги пронајде, дефинитивно ќе си ја разниша самодовербата.

roditelski-greshki-poradi-koi-decata-ne-se-zadovolni-od-svojot-izgled-koga-kje-porasnat-06.jpg

Не му давате комплименти за изгледот

Една од најголемите грешки на родителите е што не им даваат комплименти на децата. Како што вие сакате да слушнете комплимент за вашиот изглед, сака и вашето дете, особено ако се потрудило за тоа.

Немојте никогаш да штедите на комплименти за изгледот на вашето дете и додека е уште мало докажете му дека изгледа убаво. Кога ќе ве праша како изгледа, не му одговарајте „ладно“ и одвојте неколку секунди за да го пофалите неговиот изглед. Оваа ситница може да направи чуда за неговата самодоверба.

roditelski-greshki-poradi-koi-decata-ne-se-zadovolni-od-svojot-izgled-koga-kje-porasnat-07.jpg

Важно е да знаете дека признанието, комплиментите и љубовта на родителите се клучни за детската самодоверба. Од сите луѓе на светот, детето најмногу ви верува вам, па што и да му кажете, засекогаш ќе остане со него. Затоа, бидете внимателни со зборовите, давајте му комплименти и научете го да се сака себеси.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
„Научете ги децата да не се фалат со нови патики, туку со знаење“ - Српски психијатар со порака за р... „Наместо да поминуваат што е можно повеќе време со детето, родителите на децата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg