8 фрази кои не треба да му ги кажувате на вашето дете

„Дали си сигурен/а дека можеш?“ - Вака ги поттикнувате двоумењата на детето и во него будите несигурност.

8-frazi-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhuvate-na-vasheto-dete-01.jpg

Родителите кажуваат разни работи во екот на кавгите со децата.

Но, внимателноста не смее да попушти ниту за миг и некои работи не треба да бидат кажани. Со овие фрази му ја повредувате гордоста на вашето дете и можете да го предизвикате неговиот бес.

Фрази кои не треба да му ги кажувате на вашето дете:

„Живееш под мојот покрив, па затоа ќе ги почитуваш моите правила“. - Ја повредувате неговата гордост.

„Јас бев одгледана на тој начин и сѐ беше во ред.“ - Секое дете е уникатно, па таков треба да биде и пристапот.

„Мразам кога го правиш ова.“ - Детето може да ја прескокне фразата и да запомни само „Те мразам“.

„Ист си како татко ти/мајка ти.“ - Не само што го навредувате него, туку и неговиот друг родител.

8-frazi-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhuvate-na-vasheto-dete-02.jpg

„Биди како Матеј/Јована или било кое друго дете“ - Не ги споредувајте децата, секое има свои предности и мани.

„Ти си толку паметен.“ - Звучи како убава фраза, но може да направи вашето дете да мисли дека има некој природен дар и дека во животот нема потреба да се труди да прави нешто посебно.

„Дали си сигурен/а дека можеш?“ - Вака ги поттикнувате двоумењата на детето.

„Што си ти, будала?“ - Децата ги помнат ваквите навреди и тие имаат негативен ефект врз нивната самодоверба.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg