„Бев хаос, плачев“ - мајка објави брутално искрена фотографија како изгледа постанаталната депресија
„Дали сум доволно добра мајка?“, „Како ќе се снајдам?“, „Јас НЕ го можам ова!“... Храбрата Даниел Хејнс дава брутално искрен приказ.
Постнаталната депресија е вистинска и за неа не се говори доволно отворено.
Но, една постара фотографија од мајка како го држи своето новороденче и плаче, покрена лавина од реакции на социјалните мрежи и ја поткренува јавната свест околу тоа колку мајчинството понекогаш може да биде предизвикувачко и емоционално.
Даниел Хејнс е мајка со солзи во очите додека бебето ѝ лежи на градите. Таа открива дека била во комплетен хаос и не можела да се среди.
Но, некој од нејзината околина ѝ кажал дека таа е брутално отворена, искрена и е толку убава и посакал да направи фотографија од неа.
Според истражување на Американската асоцијација на психолози една од 7 мајки искусува постнатална депресија, со симптоми како што се двоумења дали е способна да се грижи за своето дете, анксиозност, бес и повлекување од семејството и пријателите. Дури и некои татковци може да пројават симптоми на постнатална депресија.
Ова е предизвикувачка состојба кога несигурност ве јаде однатре и кога мора да добиете поддршка отстрана.
Потребно е некој да ви каже дека и други мајки минуваат низ истото и дека ќе бидете во ред.
И навистина е така, ќе бидете во ред...
С. С. | Црнобело