Жена го носи и ќе го роди бебето на сестра си, откако дознала дека бременоста може да ја убие сестра ѝ
Кога имате сестра тогаш имате сојузник во сите бури, а оваа прекрасна приказна е доказ за тоа.
Ребека Брегдон Адамсон имала операција на 20 години кога ѝ бил отстранет дел од мочниот меур бидејќи страдала од интерстицијален циститис.
Но, дури 14 години подоцна дознала дека таа операција всушност значела дека за неа бременоста е опасност и ако одлучи да има бебе тоа може да ја убие.
34-годишната Ребека од Флорида и нејзиниот 38-годишен сопруг Боби биле очајни кога го слушнале тоа.
Но, нејзината помала сестра Бријана (28) се понудила таа да го износи и роди нивното бебе, односно да има улога на сурогат мајка.
Сега, Бријана е во 7-миот месец од бременоста, а парот е пресреќен што очекува принова.
Сестринската љубов навистина е бесценета.
Инаку, Бријана имала 3-годишен син и не сакала повеќе да има деца. Во нејзиниот стомак сега е ќерката на нејзината сестра.
С. С. | Црнобело