Колку време треба да помине од породувањето до следната бременост?
Во зависност од тоа како сте се породиле претходниот пат, зависи колку треба да почекате до следната бременост.
Па, кога телото ви е подготвено за да ја помине бременоста безбедно и здраво?
Доколку породувањето било природно, во предвидениот термин, стручните лица ќе ве советуваат за следната бременост да почекате барем 18 месеци.
Во случај да сте се породиле со царски рез, добро би било до следната бременост да поминат 24 месеци.
„Едноставно, ако забремените брзо по породувањето, вашето тело нема да биде спремно, па може да настанат многу компликации,“ велат стручните лица, но истакнуваат и дека периодот подолг од 5 години помеѓу двете бремености исто така не е добра опција, поради ризикот од зголемениот крвен притисок кај мајката.
М. Д. | Црнобело