Рецепт за шарен, домашен пластелин од брашно
Ако ги „испукавте“ сите опции за забава затворени во четири ѕида, можеби е време да направите големи количини од домашен пластелин.
Пластелинот докажано ја поттикнува креативноста, но и развојот на дечињата.
Овој рецепт за домашно тесто-пластелин се базира на брашно, а поточниот сооднос на состојките е следниов:
- 2 шолји брашно
- 1 шолја сол
- Темперни или прехранбени бои
- 1 лажичка масло
- Жешка вода за замесување на тестото
Додадете ги сите состојки во еден сад со постојано мешање и додавајте вода или брашно додека не ја добиете саканата густина.
Од домашниот пластелин може да правите детски колачиња, животинчиња или нешто трето по желба.
Важно е по играњето, пластелинот да го чувате во сад со капаче, за да можете да го користите во текот на наредната недела.
М. Д. | Црнобело