10 активности кои трудниците може да ги прават во домашна изолација
Трудниците во период на домашна изолација сигурно знаат да се чувствуваат позагрижено од останатите, но наместо да се изложувате на стрес, искористете го времето за некои активности низ домот.
Но, наместо да им дозволите на паниката и стравот да владеат со вашиот живот, зошто да не го искористите слободното време за да поработите на себе?
Постојат безброј активности за трудници што ќе ви го одвлечат вниманието од моменталната ситуација, а истовремено ќе ви помогнат да станете подобра личност.
Ако не знаете што да правите во карантин, можеби ќе ви се допаднат овие предлози:
Исперете ја целата детска облека
Ако сте пред породување, веројатно имате купено облека за вашето малечко. Или, пак, имате облека од постарото дете која наскоро ќе ја носи новиот член од семејството.
Перењето и пеглањето облека се активности што сите ги одложуваме, но сега немате изговор дека немате време.
Па, соберете ја целата детска облека, исперете ја, испеглајте ја, а она што не ви е потребно можете и да го донирате.
Размислете за изгледот на детската соба
Ако имате соба која ќе биде само на вашето дете, искористете го периодов да размислите за нејзиниот дизајн.
Какво креветче сакате, каква боја ќе бидат ѕидовите, со што ќе ја украсите…
Доколку немате идеја, на интернет можете да најдете безброј дизајни, па дури и „направи сам“ проекти.
Продолжете ја комуникацијата со вашиот лекар
Доколку нема потреба, најдобро би било да не го напуштате домот. Но, тоа не значи дека морате да ги испуштите консултациите со вашиот лекар.
Доколку се појави каква било грижа, секогаш можете да му се јавите и да се консултирате.
Одберете педијатар
Сега имате многу време за телефонски разговори со пријателите, па консултирајте се со оние кои веќе имаат дете. Прашајте ги за препорака за педијатар, но и за што било за бременоста за коешто ви треба помош.
Слушајте аудио книги за бременост
Ако не сте страстен читател, секогаш можете да ги пробате аудио книгите. Искористете го слободното време за да научите нешто повеќе за бременоста, вашето тело, родителството…
Сепак, започнувате ново поглавје од вашиот живот и ќе се чувствувате подобро кога ќе ги знаете сите потребни информации.