Три грешки во воспитувањето што ги прават повеќето родители

Постојат родители кои не покажуваат многу интерес за децата, ниту пак се склони кон интроспекција и самокритичност.

Tri greski vo vospituvanjeto sto gi pravat poveketo roditeli 01

Но, дури и ако сте родител со добра намера, што вложува напори во среќата на вашето дете, тоа не значи дека не правите некои грешки.

Кои се вообичаените грешки во родителството направени од незнаење?

Му дозволувате на детето да се откаже пребрзо

Учењето е секогаш тешко. Вежбање на нешто ново започнува со забава и потоа станува потешко, бидејќи се поставуваат повеќе барања пред нас. Погрешно е родителите да им дозволат на своите деца да се откажат кога нема да им оди.

Вашата работа како родител е да го обликувате развојот на вашето дете.

Пофалете го напорот, а не самата способност

Многумина се согласуваат: да им кажете на вашите деца дека се паметни може да изгледа како добра идеја, но може да заврши лошо. Зошто?

Затоа што ако децата мислат дека нивните достигнувања се должат само на нивните вродени таленти, тогаш ќе веруваат дека врсниците ќе ги задеваат поради учењето. Учењето го гледаат како доказ за нивната неспособност. Ова треба да се избегне и да им се покаже важноста на трудот.

Многу е подобро да ги фалите вашите деца што напорно работат и не се плашат од пречки.

Tri greski vo vospituvanjeto sto gi pravat poveketo roditeli 02

Отстранување на сите тешкотии и борби од животот на детето

Нормално е да сакаме да ги заштитиме децата од проблемите. Но, на овој начин, децата никогаш нема да можат да се справат со животните неволји. Ако ги сакате децата, не треба да ги решавате сите нивни проблеми.

Тие мораат да научат да се справуваат со пречките сами.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg