11 активности за деца со АДХД кои ја намалуваат енергијата и го подобруваат вниманието

Ако барате активности за деца со АДХД кои ќе им помогнат да ја искористат својата енергија, а истовремено да се фокусираат на одредена активност, дојдовте на вистинско место.

11-aktivnosti-za-deca-so-adhd-koi-ja-namaluvaat-energijata-i-go-podobruvaat-vnimanieto-01.jpg

Активностите се интересни за сите деца, особено за оние кои се во постојано движење. Овие игри ќе им помогнат на децата да ги развијат комуникацијата, социјализацијата, фината и грубата моторика, но и ќе им ја зголемат концентрацијата.

Што претставува АДХД?

АДХД е хронично невроразвојно нарушување кај децата, односно состојба на централниот нервен систем, коое главно се манифестира преку недостиг на внимание, хиперактивност и импулсивност. АДХД најчесто се  забележува во периодот кога детето ќе започне со училиште.

Детето со АДХД честопати не може да го задржи вниманието или да ја заврши зададената задача. Тапкањето со рацете и нозете, клатењето на столчето или потребата постојано нешто да преметнува во рацете се чести појави кај децата со вакво нарушување.

11-aktivnosti-za-deca-so-adhd-koi-ja-namaluvaat-energijata-i-go-podobruvaat-vnimanieto-02.jpg

Неможноста да ги контролираат своите емоции и да ги препознаваат емоциите на другите, прави овие деца тешко да се вклопуваат во средината. Иако тешко го задржуваат фокусот, особено при училишните активности, тие можат со часови да имаат одличен фокус за активности што им се интересни.

Детето со АДХД често се чини дека не слуша кога му зборувате директно, не ги следи инструкциите, лесно се вознемирува или го пренасочува вниманието кон надворешни дразби, нема чувство за опасност, не може да извршува бавни активности, постојано се префрлува од една активност на друга, постојано зборува и е екстремно љубопитно. Тие се сонувачи и имаат живописна имагинација, а честопати фантазијата можат да ја доживуваат како реалност.

АДХД има тенденција да биде почесто кај машките отколку кај женските деца.

Многу е важно при извршувањето на каква било активност, детето да добива пофалби.

Видови и карактеристики на АДХД

Хиперактивни деца:

- Постојано зборуваат

- Нервозни се кога седат

- Постојано се во движење

- Имаат тешкотии при изршување задачи кои бараат тишина

- Постојано допираат сè наоколу

- Не можат да седат во едно место

Импулсивни деца:

- Нетрпеливи се

- Не ги контролираат своите емоции и лесно кажуваат работи кои се навредливи

- Често ги прекинуваат разговорите

11-aktivnosti-za-deca-so-adhd-koi-ja-namaluvaat-energijata-i-go-podobruvaat-vnimanieto-03.jpg

Деца со недостаток на внимание:

- Имаат тешкотии во процесирањето на информациите

- Мечтаат и имаат развиена фантазија

- Изгледаат како да не слушаат кога им се обраќате

- Често ги губат своите работи

- Имаат тешкотии во фокусирањето на една работа

- Често губат внимание, забораваат одредени задачи

11 активности за деца со АДХД погодни за периодот на самоизолација

1. Игра со танцување: Преку оваа игра, детето може да искористи голем дел од својата енергија. Можете заедно да одберете да научите некој интересен танц или, пак, заедно со детето да направите имитација на одреден танц.

2. Трка со јајца: Ако сте заглавени дома и ви треба нешто да ги одржите вашите деца активни, трката со јајца е една од тие активности. Започнете со едноставна трка низ дневната соба, при што детето ќе носи јајце во раката. Потоа отежнете ја играта со ставање перници на подот. Може да ја направите трката уште потешка, така што вашето дете може да го префрла јајцето од едната во другата рака.

3. Забава со балони: Поставете балони низ собата и насочувајте го вашето дете да ги сортира по боја, а потоа заедно може да ги испукате. Или, можете да играте одбојка во вашиот дом.

4. Забава со перници: Поставете неколку перници на земја, напишете ливчиња со броеви и ставете ги во еден сад. Бројот што ќе го извлечете покажува колку пати детето треба да ги преврти перниците. Или, борбата со перници е секогаш добра идеја за неограничена забава.

5. Имитација на животни: Напишете различни животни на разни листови хартија, поставете ги во сад и обидете се да го имитирате животното што ќе го извлечете.

11-aktivnosti-za-deca-so-adhd-koi-ja-namaluvaat-energijata-i-go-podobruvaat-vnimanieto-04.jpg

6. Игра со пластелин: Пластелинот ја поттикнува креативноста, ги подобрува моторните вештини и го подобрува расположението кај децата со АДХД. Исто така, со пластелинот се учат многу бои и облици, се подобрува координацијата, визуелизацијата, како и концентрацијата.

7. Вежби со топка: Постојат многу едноставни и основни вежби со топка кои може да ги направите дома. На пример, побарајте од вашето дете да легне на стомак на топката и да сортира предмети, да седне на топката, а потоа да легне на грб.

8. Налепници: Ако ви требаат едноставни вежби за зајакнување на рацете, налепниците се одлична опција. Притоа, тие го задржуваат вашето дете окупирано, а истовремено ја развиваат неговата фина моторика.

9. Сензорни игри: Постојат разновидни сензорни активности коишто можете да ги направете со вашето дете, каде што тоа ќе ужива и ќе се чувствува опуштено и контролирано.

10. Куклена претстава: Направете кукли од чорапи. Куклите се одличен начин за комуникација со вашето дете. Самата игра им овозможува да ги активираат своите слабости на безбеден начин, користејќи имагинарни карактеристики.

11. Готвење со вашето дете: Готвењето секогаш го намалува стресот.

Автор: Симона Ташева / фото: depositphotos

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg