Како да го препознаете и како да се справите со токсичниот родител?
Колку е потоксична индивидуата, толку повеќе тој/таа сака да контролира сè што е во нејзина близина. А, токсичниот родител ќе има неразумни и невозможни барања од своите деца.
Ако имате токсичен пријател или се дружите со некој што е токсичен, можете да го прекинете тој однос.
Но, кога родителите се токсични, не е лесно да се оддалечите од нив. Сепак, постои начин да го прифатите и да се справите со токсичниот родител.
Ова се некои знаци кои покажуваат дека вашиот родител е „токсичен“:
Негативност
Токсичните родители се емотивно вон контрола. Тие имаат тенденција да драматизираат и секој проблем го гледаат како причина да станат лути, вербално навредливи или деструктивни.
Недостаток на емпатија
Токсичната личност не е во состојба да сочувствува со другите. Наместо тоа, сè се однесува на неа и нејзините потреби, така што таа дури и не разбира кога станува збор за некој друг.
Желба за контрола
Колку е личноста потоксична, толку повеќе тој/таа сака да контролира сè што е во нејзината близина. Токсичниот родител, пак, ќе има неразумни и невозможни барања од своите деца, дури и кога тие се мали, но и подоцна, кога ќе пораснат.
Критичност
Токсичниот родител не може да ги види достигнувањата на своите деца. Овие родители постојано ја намалуваат вредноста на другите луѓе околу нив, вклучувајќи ги и децата, а истовремено веруваат дека тие се талентирани за многу работи.
Како да се справите со токсичен родител?
Првото нешто што треба да се разбере е дека можеме да го контролираме само нашето однесување, не и однесувањето на родителот. Признавањето и прифаќањето дека родителот е токсичен ви овозможува да мислите на вашите сопствени потреби, без грижа на совест.
Вие имате можност да ја дефинирате врската со тој родител за да ги задоволите вашите емоционални потреби, но и да избегнете осуда, непријателство и токсичност.
Поставување граници
Јасно дефинирајте што ќе прифатите, а што не. Бидете јасни во поставувањето на овие граници и ограничете го контактот со родителите за да можете да го поминете вашето време позитивно и „здраво“.
Ашера | Црнобело