10 грешки за кои жалат сите родители
Биле престроги
Една работа е да го воспитате правилно своето дете, а друга е постојано да го карате.
Мит е дека превисоките критериуми од детето ќе направат успешна возраст. Всушност спротивно е, детето ќе израсне во личност со слаба психа, проблеми со однесувањето, па дури и пречки во развојот.
Казните за лошите оценки и однесување се штетни. Наместо тоа фокусирајте се на наградувањето. Не сакате еден ден ако го читате дневникот на вашето дете, да сфатите дека вие сте го правеле несреќно.
Не го земале предвид мислењето на детето
„Возрасните знаат подобро и не е време ти да носиш такви одлуки“ се фрази кои родителите често ги кажуваат. Мислењата на децата отворено се запоставуваат и тие израснуваат во несигурни и пасивни личности.
Размислете како личност може да знае што сака од животот ако некој друг постојано носел одлуки за неа?
Не му ги задоволувале доволно желбите на детето
Топлите спомени од детството се нешто бесценето кое никој не може да ни го земе. Малите задоволства може да го претворат детето во исполнета личност која еден ден ќе има големи достигнувања.
Ако детето расте во здрава средина и постојано има нови, убави искуства, значи дека активно се развива. Среќните деца се поподготвени за животните предизвици и полесно ги прифаќаат промените.
Пречесто следеле туѓи совети
Луѓето во секоја ситуација брзаат да дадат совет, дури и кога тоа не се бара од нив и не е соодветно. „Експертите“ знаат како треба детето да биде облечено, што да јаде, што да учи и општо како да живее.
Но, вистината е дека родителите знаат најдобро за своето дете и не смеат да им дозволат на странци да се мешаат во воспитувањето.
Не смеат да ѝ дозволат на сосетката да го плаши детето со тоа дека таму некаде постои некој лош чичко. Спротивставете се на тоа и покажете му на детето дека ќе му бидете поддршка во тешките мигови.
Не обрнувале внимание на значајните мигови во животот
Секому му е потребен некој близок во значајните мигови во животот, а особено на детето. Дури и да морате да пропуштите некоја приредба во градинка, мора да направите наредниот пат да не го сторите тоа.
Детето нека ви биде приоритет и еден ден со насмевка на лицето нека се сеќава како сте ја кителе новогодишната елка или сте се собирале на семејни ручеци со вкусни десерти. Кога ќе порасне, овие мигови ќе му недостигаат.
С. С. | Црнобело