Украдено детство: Три трагични приказни кога родителите сакаа да заработат од децата

Од експлицитни фотографии на 4-годишна возраст до напорни тренинзи за мускули како врвен бодибилдер на 6-годишна возраст, родителите на овие деца ги преминаа сите граници.

ukradeno-detstvo-tri-tragichni-prikazni-koga-roditelite-sakaa-da-zarabotat-od-decata-01.jpg

Некои родители им обезбедуваат на децата среќно и безгрижно детство, додека други по секоја цена сакаат да направат тие да се истакнат по нешто.

Понекогаш, токму ова форсирање им го краде најубавиот период од животот – детството.

За кои деца цената на популарноста беше превисока:

Ева Јонеско

Мајка ѝ беше фотограф и уште на 4-годишна возраст почна да продава разголени фотографии од Ева, а веќе на 11 малата Французинка се појави во магазинот „Playboy“.

Се појави и во филмот „The Tenant“ на Роман Полански. Потоа во еротски филм, па имаше скандал и родителските права на нејзината мајка ѝ беа одземени.

Во 2011 година Ева го објави автобиографскиот филм „My Little Princess“ во кој сака да ѝ посочи на мајка си, со која заврши и на суд, за грешките.

ukradeno-detstvo-tri-tragichni-prikazni-koga-roditelite-sakaa-da-zarabotat-od-decata-06.jpg

Алана Томпсон

Мајката на Алана отсекогаш сакала да биде позната и затоа на 6-годишна возраст почнала да ја носи ќерка си на избори за убавина.

Ќерка ѝ ги освои симпатиите на јавноста и продуцентите ѝ понудија да снима реално шоу „Here Comes Honey Boo Boo!“. Шоуто беше скандалозно, а мајката обвинета дека ѝ давала енергетски пијалаци на ќерка си за да изгледа поразиграно пред камерите.

Потоа, мајката на Алана одлучи да живее со поранешното момче кое отслужило 10 години затвор поради обвинувања дека ја злоупотребувало нејзината најстара ќерка.

Сега, Алана неуспешно се бори со вишокот на килограми и, за среќа, шоуто беше прекинато.

ukradeno-detstvo-tri-tragichni-prikazni-koga-roditelite-sakaa-da-zarabotat-od-decata-04.jpg

Ричард Сандрак

Таткото на Ричард, поранешен првак во боречки вештини, секогаш сонувал да го има „најсилно дете на светот“, па така кога неговиот син имал 2 години и семејството од Украина се преселило во САД тој почнал секојдневно да го тренира.

На Ричард не му било дозволено да си игра со другарчињата, да се шета и да ужива во вкусна храна, затоа што морал да се држи до строг режим и да вежба. Поради ова неговиот татко добил судска тужба.

Инаку, на 8 години Ричард се прослави како најсилното дете на светот и постојано гостуваше во ТВ шоуа. Го доби прекарот мал Херкулес.

Потоа, Ричард ги прекина сите врски со татка си и денес не е бодибилдер, но е горд на достигнувањата од детството.

ukradeno-detstvo-tri-tragichni-prikazni-koga-roditelite-sakaa-da-zarabotat-od-decata-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...
7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
„Научете ги децата да не се фалат со нови патики, туку со знаење“ - Српски психијатар со порака за р... „Наместо да поминуваат што е можно повеќе време со детето, родителите на децата ...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg