Мајка на тројка брутално искрено покажа како изгледа телото по породувањето

Норвежанка ги запрепасти сите со искрените фотки за текот на бременоста, а сега го стори тоа и по породувањето. „Стомакот многу тешко ми се собира“, откри таа.

majka-na-trojka-brutalno-iskreno-pokazha-kako-izgleda-teloto-po-poroduvanjeto-01.jpg

Марија Нордо Јоршта е Норвежанка која живее во Данска која стана вирален хит откако преку фотки прикажуваше како изгледа стомакот на жена бремена со тројка.

majka-na-trojka-brutalno-iskreno-pokazha-kako-izgleda-teloto-po-poroduvanjeto-05.jpg

majka-na-trojka-brutalno-iskreno-pokazha-kako-izgleda-teloto-po-poroduvanjeto-04.jpg

Таа го води Инстаграм профилот „Triplets of Copenhagen“, кој има 239.000 следбеници.

majka-na-trojka-brutalno-iskreno-pokazha-kako-izgleda-teloto-po-poroduvanjeto-06.jpg

Мајката која се породи со тројката и има вкупно 4 деца вели дека телото на жените за време и по бременоста не треба да биде табу тема. Нема многу жени кои по породувањето отворено прикажуваат какво е телото на жените, па затоа таа одлучила да ја покаже другата страна.

majka-na-trojka-brutalno-iskreno-pokazha-kako-izgleda-teloto-po-poroduvanjeto-07.jpg

majka-na-trojka-brutalno-iskreno-pokazha-kako-izgleda-teloto-po-poroduvanjeto-03.jpg

„Мојот стомак по породувањето сè уште го имаше и изненадена бев колку беше голем. Не знаев дека ќе треба толку долго време за да се собере.“

Многу мајки ѝ заблагодарија на искреноста и храброста и ѝ порачаа дека прикачувањето на овие фотографии во овој лажен свет е вистинско освежување.

Инаку, Марија работи како продуцент на документарни филмови и се надева дека нејзиниот потег ќе ги натера другите жени да бидат искрени за своето тело по бременоста и полесно да го прифатат.

majka-na-trojka-brutalno-iskreno-pokazha-kako-izgleda-teloto-po-poroduvanjeto-02.jpg

1 седмица по породувањето:

4 седмици по породувањето:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Вирална објава на една мајка: „Потрудете се да бидете добар брачен партнер, а не само добар родител“ „Потрудете се бракот да ви биде исто толкав приоритет, како што ви е улогата на ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg