Грешки кои не смеете да ги правите кога одите на пат со мали деца
Независно дали одите на еднодневна прошетка или на (продолжен)викенд патување, кога сте со децата, мора да имате на ум некои важни работи.
Неколкучасновното возење во автомобил за децата може да биде здодевно, па секогаш треба да сте опремени барем со неколку занимации, но не со сите можни играчки.
Мора добро да го испланирате патувањето и да не очекувате дека пребрзо ќе стигнете некаде, бидејќи треба да сте подготвени на сè.
Во продолжение погледнете неколку грешки кои не треба да ги правите ако одите на патување со деца:
1. Заборавање основни работи
Не заборавајте да понесете ужинки кои ги хранат и им го задржуваат вниманието, како и играчки со кои ќе им поминува времето.
2. Не обрнување внимание на тип на храна
Кога земате храна, внимавајте на намирници од кои може да им се слоши по пат.
3. Избувливост од хаосот околу вас
Не очекувајте дека нема да биде хаос во автомобилот и бидете смирени и организирани.
4. Одење директно до дестинацијата
Немојте да мислите дека децата можат да издржат и задолжително застанете неколкупати за тоалет и протегнување.
5. Мислите дека планот ќе тече како што сте замислиле
Не очекувајте дека сите планови ќе ви одат како што сте ги замислувале – со деца сте.
6. Мислите дека децата ќе спијат цел пат
Не очекувајте ниту дека децата цело време ќе спијат и нема да мора да ги занимавате.
7. Тргање подоцна од потребното
Не смеете да тргате премногу доцна, бидејќи секогаш треба да оставите простор за непланирани ситуации кога сте со деца, а никако не смеете да помислите да брзате додека возите деца.
8. Немање заменска облека
Не смее да си дозволите да не земете повеќе облека од потребното, како и слоевити парчиња, бидејќи не знаете дали времето ќе се промени.
М. М. | Црнобело