Практични лекции од родителите кои знаат како да ги направат децата независни уште од мали

Визуелно учење на правда

Кога имате повеќе од едно дете, не е лесно да ги научите на правда и еднаква делба на работите.

За да им покажете визуелно што е правда, земете закачалка и две идентични кутивчиња. Направете две дупчиња на двете кутии и ставете врвца со која ќе ги закачите на закачалката како на сликата

Земете неколку чоколатца, бонбони и слични работи околу најчесто се караат и покажете им на „вага“ како изгледа кога некој има повеќе, а друг помалку, за на крај да сфатат дека треба двете да бидат еднакви.

praktichni-lekcii-od-roditelite-koi-znaat-kako-da-gi-napravat-decata-nezavisni-ushte-od-mali-07.jpg

Да научат да се облекуваат сами

На децата им е интересно сами да бираат облека, но ако се помали и не можат соодветно да одберат, вие научете ги и не им го скратувајте задоволството или пак за полесно цело време вие да ги облекувате.

На пример, направете слики од веќе искомбинирани парчиња и дајте им да ги гледаат, па според тоа да си ја бараат соодветната облека и во тоа сами да се облечат.

praktichni-lekcii-od-roditelite-koi-znaat-kako-da-gi-napravat-decata-nezavisni-ushte-od-mali-08.jpg

Утрински ритуали

Четката и пастата ставете ги во една чашка, пешкирот во друга, а чешелот во трета и напишете бројки на секоја од нив за детето да научи како одат чекорите наутро и да му станат навика.

praktichni-lekcii-od-roditelite-koi-znaat-kako-da-gi-napravat-decata-nezavisni-ushte-od-mali-09.jpg

Избегнување неред

Децата сакаат да си играат насекаде и цел дом може да ви е расфрлан со играчки, но за да го научите на ред, обележете со лента во боја еден дел во кој ќе може да си играат и од чија линија нема да „смеат“ да излезат со играчките.

 praktichni-lekcii-od-roditelite-koi-znaat-kako-da-gi-napravat-decata-nezavisni-ushte-od-mali-10.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg