Теми за кои повозрасните деца треба да разговараат со своите родители

Додека се мали децата, родителите безусловно се посветени на нив, се грижат за нив, ги учат на многу работи и се гордеат со нивните успеси.

temi-za-koi-povozrasnite-deca-treba-da-razgovaraat-so-svoite-roditeli-01.jpg

Кога ќе пораснат, децата почнуваат да се гордеат со своите родители, благодарни се за сето она на што ги научиле и доаѓа ред, сега и тие да ги научат на нешто посебно доколку се повозрасни.

На сите ни е јасно дека многу голем дел од повозрасните лица не се упатени во технологијата, мобилните и компјутерите, дигитализираните системи и слични промени во модерниот свет.

Иако можеби изгледа мачно, сепак не треба да се откажувате од тоа да разговарате со нив и да ги учите на некои работи, како тие што го правеле тоа во минатото.

Во продолжение погледнете на кои теми треба да зборувате со родителите и да ги подучите:

Можностите на модерната технологија

Многу често се појавуваат нови технологии – апликации за нарачка на храна и купување производи за дома, мобилни банки, онлајн плаќање сметки и други работи кои ни го олеснуваат животот.

Но, за повозрасните тоа е многу покомплициран начин бидејќи не се запознаени со технологијата, а вие сте тие кои треба да им го објасните процесот и трпеливо да ги подучите како што тие вас ве учеле и имале трпение кога не сте знаеле да кажете ниту еден збор.

Доколку се пензионери, можете да ги научите и на други активности, како што се онлајн учење јазици, или онлајн цртање, боење, решавање логички тестови, забавни видеа, рецепти и слично.

temi-za-koi-povozrasnite-deca-treba-da-razgovaraat-so-svoite-roditeli-02.jpg

Научете ги на можните измами

Информациите кои вие ги имате се многу побогати и почести од оние на вашите повозрасни родители, па затоа треба да ги подучувате и да им ги пренесување, а најважно е да не дозволите никој да ги измами заради нивната неинформираност.

На пример, да им посочите дека никогаш не треба по телефон да кажуваат лични информации и сметки од банка независно како им се претставуваат.

Пораките кои ги добиваат со линк кој треба да се следи, а всушност е вирус, треба да знаат дека не треба да ги отвораат.

Истото важи и за неочекуваните награди кои наводно ги добиле, а се најчесто измама.

Треба да ги научите и да не потпаѓаат на маркетингот на наводно високо квалитетни производи по ниска цена или по висока но „исплатлива“ и за повеќе работи прво да се консултираат со вас за да не им подметнат нешто неисправно или нешто што можеле да го купат по многу поевтина цена.

Друга важна работа која треба да ја знаат, е дека не секој проблем мора да се решава со лекови и дека не постојат такви кои ќе им ги решат сите проблеми како што можеби сакаат да ги измамат за повеќе да се потрошат. 

temi-za-koi-povozrasnite-deca-treba-da-razgovaraat-so-svoite-roditeli-03.jpg

Научете ги да штедат на патување

Денес многу помалку луѓе се упатуваат во туристичките агенции за аранжмани и најчесто сами си ги прават турите преку онлајн резервации.

Но, повозрасните не се обучени на таа тема и не веруваат во тоа, па секогаш им е полесно физички да одат во агенција и да им понудат нешто конкретно.

Сепак, треба да им објасните дека на овој начин (онлајн) може некогаш многу повеќе да заштедат, а секако вие дека ќе бидете тука да им помогнете при изборот и резервирањето.

Покажете им како да истражуваат места на интернет, да читаат коментари и критики од други кои ги посетиле местата, да пребаруваат евтини летови и аранжмани, да ги зачувуваат, а потоа заедно да ги разгледате.

temi-za-koi-povozrasnite-deca-treba-da-razgovaraat-so-svoite-roditeli-04.jpg

Уверете ги колку е важна физичката активност

Физичката активност може да го намали процесот на стареење, а редовното вежбање помага за зајакнување на коските и мускулите, подобра подвижност на телото, што во староста ќе им биде од клучно значење.

Утринските лесни вежби за растегнување и прошетките во парк треба да им станат навика, а може да разговарате и за куче за кое ќе се грижат и со него ќе шетаат и ќе се движат.

temi-za-koi-povozrasnite-deca-treba-da-razgovaraat-so-svoite-roditeli-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg