10 ситуации во кои Ким Кардашијан одбра погрешна облека за ќеркичката Норт Вест

Наследничката на старлетата и раперот важи за стилска икона од мали нозе. Меѓутоа, истовремено е само кревко дете, кое некогаш е на тешки маки со модните избори од својата мајка. И тоа се забележува.

10-situacii-vo-koi-kim-kardashijan-odbra-pogreshna-obleka-za-kjerkichkata-nort-vest-1.png

Ким Кардашијан ги обожава нејзините деца. Таа везден им ја искажува неизмерната љубов што ја чувствува кон нив, опсипувајќи ги со нежност и внимание.

Факт е дека неретко и претерува со обидите да ги експонира во јавноста.

10-situacii-vo-koi-kim-kardashijan-odbra-pogreshna-obleka-za-kjerkichkata-nort-vest-2.jpg

Ѕвездата на реалното шоу е модна кралица, а од петни жили се труди и својата петгодишна наследничка да ја издигне на тронот.

Малата „дива“ добива купишта брендирана облека од рана возраст, додека вредноста на гардеробата што таа денес ја поседува е проценета на милион долари.

10-situacii-vo-koi-kim-kardashijan-odbra-pogreshna-obleka-za-kjerkichkata-nort-vest-3.jpg

Каде и да се појави, скоцкана е од глава до пети. Меѓутоа, дали е и среќна со стилските избори од мајка си?

Судејќи по папарацо фотките, ќерката на убавицата и раперот Канје Вест не се чувствува ни малку пријатно во комбинациите. Напротив.

10-situacii-vo-koi-kim-kardashijan-odbra-pogreshna-obleka-za-kjerkichkata-nort-vest-4.jpg

Обично е намуртена, или, пак, дури и расплакана, а како и не би била, кога на себе носи претешки, неудобни и несоодветни парчиња за возраста. Сепак - таа засега ништо не се прашува.

Голема прашина се крена околу фустанот со корсет што го носеше во една прилика. Предизвика револт помеѓу мајките ширум светот, кои го осудија потегот на старлетата, па мораше да се брани на социјалните мрежи.

10-situacii-vo-koi-kim-kardashijan-odbra-pogreshna-obleka-za-kjerkichkata-nort-vest-5.jpg

Но, тоа не е исклучок. Ова се десетте ситуации во кои Ким Кардашијан исто така одбра погрешна облека за ќеркичката Норт Вест:

Кога ѝ облече проѕирен црн фустан со чипка што потсетува на неглиже...

10-situacii-vo-koi-kim-kardashijan-odbra-pogreshna-obleka-za-kjerkichkata-nort-vest-6.jpg

Кога ја накити со гломазно златно ланче околу вратот...

10-situacii-vo-koi-kim-kardashijan-odbra-pogreshna-obleka-za-kjerkichkata-nort-vest-7.jpg

Кога се препоти во комбинацијата од бунда, дебел дуксер со качулка и качкет...

10-situacii-vo-koi-kim-kardashijan-odbra-pogreshna-obleka-za-kjerkichkata-nort-vest-8.jpg

Кога среде бел ден пред јавноста ја изведе во фустанче налик на ноќница...

10-situacii-vo-koi-kim-kardashijan-odbra-pogreshna-obleka-za-kjerkichkata-nort-vest-9.jpg

Кога се расплака во неудобниот дизајнерски аутфит за модна ревија...

10-situacii-vo-koi-kim-kardashijan-odbra-pogreshna-obleka-za-kjerkichkata-nort-vest-10.jpg

Кога и двете изгледаа како диско топки, носејќи креации со блескави и боцкави светки...

10-situacii-vo-koi-kim-kardashijan-odbra-pogreshna-obleka-za-kjerkichkata-nort-vest-11.jpg

Кога дури и во костим за капење мораше да биде стилска икона...

10-situacii-vo-koi-kim-kardashijan-odbra-pogreshna-obleka-za-kjerkichkata-nort-vest-12.jpg

Кога беше искористена како подвижна реклама за брендот на Канје, облечена во блуза со костур...

10-situacii-vo-koi-kim-kardashijan-odbra-pogreshna-obleka-za-kjerkichkata-nort-vest-13.jpg

Кога малечката имаше кожена моторџиска јакна со големи метални синџири на себе...

10-situacii-vo-koi-kim-kardashijan-odbra-pogreshna-obleka-za-kjerkichkata-nort-vest-14.jpg

Кога ѝ наметна крзнена бунда што ја „проголта“ ќеркичката...

10-situacii-vo-koi-kim-kardashijan-odbra-pogreshna-obleka-za-kjerkichkata-nort-vest-15.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg