Зошто е ужасно тешко да се биде бремена, по третман за неплодност?

„Луѓето постојано ми поставуваат прашања од типот: „Мора да си возбудена што конечно затрудне? Дали си среќна што си бремена?“ и напорно ми е.

zoshto-e-uzasno-da-se-bide-bremena-po-tretman-za-neplodnost-01.jpg

Жена во средина на 30-тите вели дека долго време со сопругот се обидувале да зачнат дете, но кога виделе дека постои некој проблем посетиле доктор.

Откако ја прегледале специјалисти, започнале третманите за неплодност кои траеле 18 месеци, сè додека конечно не забременила.

Била пресреќна за ситуацијата, но потоа сфатила дека бременоста по третман за неплодност е тешко искуство.

Дел од нејзината исповед:

„Луѓето постојано ми поставуваат прашања од типот: „Мора да си возбудена што конечно затрудне? Дали си среќна што си бремена?“, а јас им одговарам „Да, многу“. Но, чувствувам и други работи. Чувствувам дека сè уште не сум дел од „клубот“ на мајки и чудно ми е да одам наоколу и да се фалам дека сум бремена, кога сè уште стравувам кој ќе биде крајниот резултат.

Да, возбудена сум што моето прво дете ми мрда во стомакот, но свесна сум дека тоа најверојатно ќе биде моето единствено дете, и тоа не поради мој избор, и тоа ме растажува.

Исто така, чувствувам како да не можам да се жалам за бременоста, затоа што е нешто кое го посакував и за кое се трудев толку долго. Се плашам дека ако се пожалам ќе испаднам неблагодарна. Велам дека сум добро, иако имам вртоглавици, ми се лоши, подуена сум и без енергија.

Се чувствувам неподготвено затоа што цело време бев посветена на тоа да затруднам, а не што ќе се случи откако ќе родам и како правилно да го негувам моето бебе. Не знаев ниту со какви проблеми ќе се соочам во текот на бременоста и дека до 16-тата седмица веќе три пати ќе ми се промени бројот на градникот што го носам.

Тешки ми се и коментарите од странци кои ми велат дека наредниот пат ќе биде подобро, а не се свесни дека нема да има нареден пат. Кога ми го зборуваат тоа, ми минуваат низ глава сите процедури, неуспешни обиди за забременување , лекарства и разочарување што ги преживеав.

Сепак, некои денови се прекрасни и овие седмици додека го чекам моето новороденче да дојде на свет ги ценам повеќе. Го ценам секој килограм што го ставив на себе и се обидувам да се фокусирам на уживањето во бременоста.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Фрази кои не треба да им ги кажувате на децата-тинејџери „Разочаран/а сум од тебе“ - Да се слушне ова е многу полошо отколку родителот да...
Едукативно видео: Што да прави вашето дете кога мисли дека некој го следи? Јутјуберка од Србија со ќерка ѝ направила едукативно видео во кое покажува како ...
„Сите ми велат: ‘Блазе си ти, какво дете имаш!’  - Знам какво е, и не ми се падна на лото!“ „Често ми велат, блазе си ти какво дете имаш! Знам јас какво дете имам! Единстве...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg