Вирален хит: Мајка напиша искрено писмо до жената што ѝ го навреди детето во супермаркет

Неколку лоши зборови од устата на тотален странец ги скршиле срцата на една мајка и син.

viralen-hit-majka-napisha-iskreno-pismo-do-zenata-shto-i-go-navredi-deteto-vo-supermarket-01.jpg

Хана Сјуел е мајка на 4-годишниот Кејдн. Во една пригода додека двајцата биле во еден супермаркет Кејдн скокал наоколу барајќи ги своите омилена јаболка.

Една жена во супермаркетот била изнервирана од вревата што ја направил Кејдн и ѝ рекла на Хана да ги контролира своите деца.

По настанот синот на Хана бил тажен и го изгубил апетиот, а Хана и напиша отворено писмо на оваа жена.

Нејзиното писмо:

„Жал ми е што за тебе беше толку голема работа што мојот син скокаше наоколу од среќа што ќе ги наполни торбите со неговите омилени јаболка што дури требаше да ме предупредиш да ги контролирам своите деца затоа што луѓето пазарувале.

Кога ти кажав дека е таков затоа што е возбуден и кога ти се извинив за неговото однесување ти само преврте со очите.

И тогаш направи нешто што навистина не го очекував...
Ти му се приближи до лицето на мојот син и го праша: „Што не е во ред со тебе, зарем мајка ти никогаш не те изнесува никаде?“

И кога тој не ти одговори ти продолжи со обвинувањата. Јас ти кажав дека тој сè уште не може да зборува.
Кога ја доби оваа информација само ми кажа: па не е чудно, тој не знае ни да се однесува како што треба во продавница.
Не знам дали си свесна, но ти ни ги скрши срцата на двајцата кога го стори тоа.“

Постот на Хана стана вирален и има повеќе од 182.000 споделувања, а  таа доби низа зборови за поддршка.

To the woman in Aldi that made my son and me feel like complete shit today. Im sorry you felt that my son being excited...

Posted by Hannah Sewell on Saturday, August 18, 2018

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg