Како им влијаат на децата родителите кои цел ден се загледани во екраните?

Сите деца го следат примерот кој им го даваат нивните родители, а тоа важи и кога се во прашање навиките за користење на паметните уреди.

kako-vlijaat-vrz-decata-roditeli-koi-postojano-se-zagledani-vo-ekranite-01.jpg

Низа истражувања сугерираат дека забавувањето на родителите со игри на мобилен телефон, наместо да набљудуваат како нивното дете гради, на пример кули во песок, штети во меѓусебниот однос.

Тоа понатаму може да доведе и до проблем во однесувањето на децата. Недоволната поддршка и комуникација со родителите резултира со фрустрации или хиперактивност. Децата цимолат, лути се и покажуваат бес.

kako-vlijaat-vrz-decata-roditeli-koi-postojano-se-zagledani-vo-ekranite-03.jpg

Кога родителот е загледан во екранот од мобилниот телефон, тој практично го запоставува своето дете. Комуникацијата е прекината и тоа влијае врз личноста во развој да се чувствува отфрлена и несакана, што понатаму носи и други несакани последици со однесувањето и општата ментална состојба.

За жал, ваквите ситуации воопшто не се ретки во денешно време, кога, може да се каже, сме зависни од технологијата и од своите паметни телефони.

Многу родители на овој начин го компензираат незадоволството од реалниот живот и мислат дека се релаксираат и одмараат додека играат игри на телефоните или се активни на социјалните мрежи.

Некои истражувања во оваа област покажале дека колку родителот е понезадоволен од реалноста, толку повеќе се посветува на дигиталната технологија.

kako-vlijaat-vrz-decata-roditeli-koi-postojano-se-zagledani-vo-ekranite-04.jpg

Нештата одат дотаму што некои родители се одмараат од сопствените деца, заборавајќи колку всушност е клучна физичката присутност во текот на растот и развојот.

За ова да се спречи, најпрво родителот треба да биде свесен што се случува додека само „сурфа“ преку својот телефон или таблет.

Во тие моменти детето гледа како личноста која најмногу ја сакаат е посветена на нешто сосема друго. Затоа, наместо читање вести преку апликации, подобро е родителот да ги прочита од печатен дневен весник или списание, бидејќи не постои ризик да се „занесе“ во содржината.

Слободното време треба да биде што повеќе посветено на детето, на градење заеднички спомени и зацврстување на блискоста.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg