9 причини зошто близината со вашиот татко прави да бидете силна жена

Таткото е најдобар пријател за цел живот од кој ќе ги научите  најважните животни лекции.

10-prichini-zoshto-blizinata-so-vashiot-tatko-pravi-da-bidete-silna-zena-01.jpg

Врската помеѓу татковците и ќерките е уникатна и растењето со татко кој е силна личност има огромна улога во градењето на девојките како личности.

Како близината со вашиот татко влијае на тоа да бидете силна жена:

- Гледате одблиску како силниот маж ги третира силните жени и ги почитува како еднакви на себеси.

- Учите како да верувате во себе затоа што прво некој друг верувал во вас.

- Сфаќате дека силата не значи да бидете сурови кон другите, туку дека можете да бидете силни додека едновремено сте добри, емпатични и нежни.

- Не се плашите од предизвиците во животот, затоа што гледате колку храбро тој ги прифаќа.

10-prichini-zoshto-blizinata-so-vashiot-tatko-pravi-da-bidete-silna-zena-02.jpg

- Учите која е моќта на простувањето затоа што многу пати грешите во текот на животот, а татко ви ви простува.

- Никогаш не се предавате само затоа што е тешко и исто како и татко ви сета тежина ја носите со високо крената брада.

- Знаете дека секогаш имате некој кој ви го чува грбот, но и вие сте секогаш тука за него затоа што сфативте колку е важен системот за поддршка.

- Никогаш не се смирувате, критериумите ви се високи и не дозволувате луѓето лошо да ве третираат, токму како што ве научи тој.

- Имате најдобар пријател за цел живот кој никогаш нема да ве изневери.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg