Мали животни лекции на кои сакам да ја научам мојата ќерка
Секоја мајка сака својата ќерка да ја научи на сето она што таа го искусила во текот на животот и да го пренесе знаењето на неа.
Сепак, тоа може да биде многу тешка задача и многупати децата сами мора да ги искусат работите за да ги научат.
Но, тоа не значи дека вие не треба да се потрудите, бидејќи многу мајки споделуваат кои се за нив најважните мали лекции на кои сакаат да ги научат ќерките.
25 мали животни лекции кои треба да ѝ ги кажете и на кои треба да ја научите ќерката:
1. Не се плаши да преземаш ризици. Тие се дел од животот.
2. Сакај се себеси. Гледај се секој ден во огледало и слави ги твоите силни страни.
3. Никогаш не се откажувај од соништата. Тоа е рецептот за успех.
4. Не дозволувај другите да те разочараат. Несигурните луѓе се склони кон напаѓање на другите.
5. Читај, читај, читај! Книгите се најдобри учители. Продолжи да читаш и да учиш, да го прошируваш мозокот и знаењето.
6. Биди своја. Не се обидувај да бидеш како другите. Не се вклопувај во општествените норми.
7. Биди љубезна и фина. Никогаш не знаеш низ што некој поминува.
8. Биди благодарна. Секогаш.
9. Држи ги твоите стандарди високо. Добар маж нема да се исплаши од тоа.
10. Опкружи се со позитивни луѓе. Луѓе кои ќе те охрабруваат и расположуваат.
11. Некогаш уживај и само во сопственото друштво. Не се плаши да бидеш сама и да се истражуваш.
12. Ќе правиш грешки, но учи од нив. Нема никогаш да бидеш безгрешна.
13. Не следи лошо влијание. Не прави нешто погрешно само затоа што сите други го прават.
14. Прави го тоа што те прави среќна. Тебе, не твоите пријатели.
15. Биди силна, биди храбра. Не секогаш можам јас да те заштитам од лошите работи во животот.
16. Имај почит. Обиди се најмногу што можеш да ги почитуваш сите и да се однесуваш како што ти сакаш да се однесуваат со тебе.
17. предизвикувај се себеси. Никогаш не се задоволувај со просечното.
18. Биди независна. Финанскиски, емоционално и ментално.
19. Но, во ред е некогаш да побараш помош и поддршка.
20. Сакај силно. Со секој дел од твоето битие.
21. Грижи се за сопственото тело. Кожата и телото се домот во кои твојата душа живее.
22. Патувај. Има многу прекрасни места и работи кои треба да ги искусиш.
23. Работи напорно. Најдобрите работи во животот се постигнуваат со многу труд и работа.
24. Пишувај. Твоите мисли се важни, запиши ги и читај ги.
25. Секогаш ќе ме имаш мене додека сум тука. Те сакам повеќе од животот. Секогаш ќе бидам тука за тебе и ќе го поминам животот сакајќи се и трудејќи се да бидеш среќна.
М. М. | Црнобело