Танга гаќи, краден накит: Какви подароци добиваат наставничките од децата и родителите?

На крајот од школската година, многу ученици сакаат да им се заблагодарат на учител(к)ите или професор(к)ите, поздравувајќи ги со пригоден подарок. Така им велат „фала“ за сè што направиле за нив изминатите месеци.

tanga-gakji-kraden-nakit-kakvi-podaroci-dobivaat-nastavnichkite-od-decata-i-roditelite-1.jpg

Какви подароци потајно посакуваат, а што навистина добиваат наставничките од децата и родителите? Одговорот на ова прашање го дадоа 1200 просветни работници во анкетата на порталот Mumsnet.

tanga-gakji-kraden-nakit-kakvi-podaroci-dobivaat-nastavnichkite-od-decata-i-roditelite-2.jpg

Според спроведеното истражување, 64% од нив највеќе би ги израдувало нешто лично, за кое и не мора да се издвојат средства, како што е порака испишана од самите ученици. 57 проценти ќе ги развесели сличен гест и од родителите.

tanga-gakji-kraden-nakit-kakvi-podaroci-dobivaat-nastavnichkite-od-decata-i-roditelite-3.jpg

Скоро половина од испитаниците (47%), благодарни се и го ценат секој подарок што ќе го добијат. 77 проценти имаат впечаток дека дел од родителите се под притисок, поради купувањето заеднички подарок од целото одделение. 66% од наставничките се грижат за децата кои може да се почувствуваат отфрлено, доколку нивните родители не се во состојба да учествуваат со пари.

tanga-gakji-kraden-nakit-kakvi-podaroci-dobivaat-nastavnichkite-od-decata-i-roditelite-4.jpg

32% од просветните работници одговориле дека посакуваат да добијат вредносен ваучер, а 30 проценти сметаат дека фин подарок е и шише вино или друг алкохолен пијалак.

tanga-gakji-kraden-nakit-kakvi-podaroci-dobivaat-nastavnichkite-od-decata-i-roditelite-5.jpg

Повеќе од две третини од испитаните професори (62%), подароците кои не им се допаднале ги имаат донирано во хуманитарни цели, додека 42 проценти ги подариле на некого. Само 11% од нив ги фрлиле во ѓубре, или, пак, ги проследиле на недрага личност.

tanga-gakji-kraden-nakit-kakvi-podaroci-dobivaat-nastavnichkite-od-decata-i-roditelite-6.jpg

А, што сè спаѓа во оваа група? На списокот бизарни подароци кои ги добиле наставничките се: вреќа компири, краден накит, парфем освоен на лотарија (со налепница), отворена флаша вино, книга за планирање венчавка, танга гаќи, радио за автомобил, полупразна  бонбониера, лубрикант, машки лосион за после бричење...

tanga-gakji-kraden-nakit-kakvi-podaroci-dobivaat-nastavnichkite-od-decata-i-roditelite-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...
Хрватски психолог советува: „Родителите што премногу им угодуваат на децата се токсични, какви после... И родителите од кои децата се плашат, и оние родители кои се плашат да не ги воз...
„Научете ги децата да не се фалат со нови патики, туку со знаење“ - Српски психијатар со порака за р... „Наместо да поминуваат што е можно повеќе време со детето, родителите на децата ...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg