Како да не ги разгалите децата, без разлика колку сте богати?
На децата не смеете сè да им послужите на чинија, ако не сакате тие да станат неспособни и разгалени индивидуи.
Децата на богатите родители често ги биде глас дека се разгалени и неодговорни, но вистината не е секогаш таква. Многу богати родители се обидуваат по секоја цена да ги воспитаат своите деца да бидат личности со вистински морални вредности.
Рејчел Шерман, автор на книгата „Uneasy Street: The Anxieties of Affluence“ интервјуираше 50 богати семејства во Њујорк и откри дека тие стравуваат да не ги насочат децата на погрешен пат и сакаат да одгледаат воспитани и неразгалени деца.
Од нејзиното искуство, три работи кои се витални за тоа децата да станат продуктивни членови на заедницата:
Не им давајте на децата сè што ќе посакаат, дури и кога тоа е лесно достапно
Тие мора да научат дека не може секогаш да добијат сè што ќе посакаат.
Дури и кога ќе посакаат да им купите нешто мало, наместо да го сторите тоа, подобро е да им давате по малку пари, па тие да штедат и да си го купат самите. Така ќе сфатат дека ништо не е бесплатно во животот.
Учете ги да работат напорно и да ги вреднуваат своите успеси
Кога ќе работат, ќе чувствуваат сатисфакција и од најмалите професионални успеси што ги постигнуваат на дневно ниво.
Без разлика дали тоа е некоја продажба или реализирање на мал училиштен проект, ќе им даде енергија да продолжат во вистинската насока.
Дозволете им да искусат неуспех
Кога не е нешто што може да им го уништи животот дозволете им да потфрлат. Ако не однесат домашна задача на училиште, ќе сфатат кои се последиците од нивното неодговорно однесување. Мора да научат да преземат одговорност.
Некои богати луѓе намерно ги тргаат децата од својата закрила за тие да го почувствуваат притисокот од вистинскиот свет, каде еден ден сами ќе мора да си пеглаат, перат и заработуваат.
С. С. | Црнобело