Трикови кои ќе им бидат од голема корист на родителите во различни ситуации
Сите сакаат да си го направат животот полесен, а посебно родителите на кои им се потребни многу трикови како спас во различни ситуации.
За среќа, постојат навистина голем број начини како да си олеснат и да се справат со секојдневните ситуации, без нервози и последици.
Родителите од цел свет споделуваат како тие се справуваат во различни моменти и какви техники употребуваат тие.
Совети и трикови од искусните кои сигурно ќе ви бидат од корист:
1. За чорапите да не се лизгаат, нацртајте некоја шара со лепак во боја или силикон.
2. Држач за шишенце за малите деца кои не можат стабилно да држат.
3. Исечете го врвот на цуцлата ако сакате детето да се одвикне од неа – така нема да може веќе да шмука и само ќе престане да ја бара.
4. Ставете мека заштита за вашата рака на држачот на транспортерот за да не ја уништувате и гребете при пренесување.
5. Испрскајте го со вода појасот за во автомобил, за да го изладите доколку се вжештил од сонцето.
6. Намалете го звукот на музичките играчки така што ќе залепите селотејп на звучникот.
7. Кога детето не сака да испие некој лековит напиток, додадете малку вкус на благо со лижавче во него.
8. Гумените играчки со дупка одоздола собираат вода, а тоа предизвикува влага. Затоа бирајте играчки без дупка или лепете ги со силиконски пиштол.
9. Кога одите на пат со дете, а не сака да оди во јавен тоалет, земете нокшир и ставете пелена, која потоа само ќе ја фрлите.
10. Кога децата ќе се повредат, за да избегнете модринки, ставете ладно, но ако мразот е премногу ладна опција, може секогаш да чувате замрзнати маршмелоус.
11. За никој да не ви ги украде личните работи на плажа замотајте ги во пелена. Така сите ќе мислат дека е искористена и никој не би се осудил да ја земе, но молете се да нема чистач на плажа. :)
М. М. | Црнобело