Најубавите имиња за бебиња инспирирани од патувања
Доколку очекувате бебенце и сè уште не сте сигурни кои име би го избрале, а притоа сте голем вљубеник во патувањата, можете да пронајдете инспирација која потекнува токму од оваа страст.
Нумеролозите воедно се согласуваат дека името во одреден дел врши влијание врз карактерот на детето, па можеби токму вашето мало злато ќе биде неуморен светски патник, поттикнато секако од своето интересно и необично име.
Ова се само дел од најубавите бебешки имиња инспирирани од патувања:
Тара
Доколку сте патувале во соседна Србија или пак Романија или Ирска, веројатно сте наишле на место, планина или регион со називот Тара.
Ова име е прилично популарно во различни делови на светот и во многу култури, а најраспространето е во одредени делови на Австралија и Ирска. Во будизмот Тара е женската верзија на Буда, а самиот збор во превод означува „ѕвезда“.
Рио
Името кое првенствено означува река и изворно потекнува од шпанскиот јазик, истовремено го симболизира и најпознатиот бразилски град. Доколку сакате да сте опкружени со вода и верувате во нејзината сила и лековитост, ова е одлично име за вашето малечко.
Според нумерологијата, луѓето кои го носат името Рио тежнеат кон блиски контакти со пријателите и кон семејство полно со љубов.
Вита
Не мора како инспирација за детски имиња да ви послужат само земји или градови. Доколку сте вљубеници во Италија и тамошниот начин на живот, уште познат како la Dolce vita, зошто не би ја крстиле својата принцеза Вита?
Освен што засекогаш ќе биде обележана вашата наклоност и љубов кон оваа земја, името само по себе крие и моќна симболика. Имено, Вита потекнува од истоимениот латински збор што во превод означува „живот“.
Луција
Уште едно прекрасно име со корени од латинскиот јазик што во превод означува „светлина“. За сите оние кои се вљубени во сонцето, светлината и секако, прекрасните изгрејсонца и зајдисонца на кои биле сведоци за време на патувањата, Луција е име кои е необично, уникатно и прекрасно.
Зариа
Ова име „влече“ корени од Африка по истоимениот живописен град, но во рускиот јазик симболизира „изгрејсонце“, додека во словенската митологија се сретнуваат варијациите Зориа или Зора, божица на изгрејсонцето и зајдисонцето.
Хелена
Име кои носи толку многу симболика во себе, тргнувајќи од тројанската принцеза Хелена, ќерката на Зевс, сè до истоимениот град во Монтана.
Викторија
Во превод означува „победа“, па верувајте дека ќе му предодредите победа на вашето мало новороденче со ова моќно име. Истовремено, многу географски локации од Канада до Австралија го носат токму ова име.
(О)Милена | Црнобело