Мечиња и кукли се за сиромаштија: Богатите деца си „играат“ со пари и приватни хеликоптери
Додека едни немаат пари да им купат на своите малечки било каква играчка, наследниците на џетсетерите уживаат во луксуз, каков е тешко и да се замисли. Први се и да се пофалат на социјалните мрежи.
Сите кои сакаат јавно да го документираат нивниот луксузен приватен живот, авиони и скапи часовници, денеска се сметаат за членови на ексклузивниот клуб - „Богаташите на Инстаграм“, пишува Daily Mail.
Родителите ширум светот се натпреваруваат меѓу себе, споделувајќи ги со гордост сцените од привилегираниот животен стил на децата.
Тие објавуваат фотки од дизајнерската облека, патувањата и купчињата пари со кои си играат малечките.
Ѕирнете дел од нив во продолжение:
Ова среќно момченце поседува мини верзија од автомобилот на мама и тато. Mercedes G класа, кој чини над стотина илјади долари.
Вториот, пак, малку поголем дечко, им објасни на своите „фанови“ дека е мошне зафатен, бидејќи се подготвува со хеликоптерот да си замине од Монако.
Една мајка – банкарка, ја фотографираше ќерка си за време на појадок во елитен хотел во Дубаи, па во описот напиша: „Таа знае дека нејзината мамичка има сѐ. И горда е поради тоа. Душа моја!“
Oва бебенце вреди милијарда долари. Па, наместо мечиња и кукли, повеќе сака да си игра со купчиња пари.
Уште еден корисник на Инстаграм почувствува силна потреба, ама баш сите да видат колку е неговото бебенце богато и среќно.
Померанец и скап автомобил се дефиниција за престижен животен стил, како на возрасните, така и на најмалите.
„Некои деца се раѓаат посреќни од другите.“, гласи цитатот под сликата од мало момче во тазе купена јахта.
Децата се учат на добар вкус од мали нозе. Затоа и одат на шопинг исклучиво во продавници за скапа облека.
Чантичка од Gucci за малата принцеза. Зошто? Бидејќи на родителите им се може!
Ќерката на брокерка живее раскошно уште од пелени. А ѝ вети и дека „дури расте, мама ќе биде секогаш со неа.“
Ако ви треба инспирација за модна комбинација, оваа мала „фешнистка“ предлага да се облечете во Valentino и Louis Vuitton.
За фраерска позерска фотка, пак, погледнете како тоа го прави шестгодишниот канадски топ модел, седнат на хауба од уште еден добар автомобил.
M. A. | Црнобело