Две дечиња со Даунов синдром формирале нераскинливо пријателство (фото)
Мајките на Клара и Катлер велат дека им се топат срцата кога гледаат како нивните малечки станале нераздвојни пријатели.
Кога Лана Битон и Ејми Сандерс одлучиле да ги запознаат нивните бебиња со Даунов синдром верувале дека меѓу нив ќе се формира некаква врска.
Но, дефинитивно никогаш не замислувале дека меѓу двете деца, кои се разлика само неколку месеци, ќе се формира нераскинливо пријателство.
Сега мајките си се најголема поддршка една на друга, а нивните дечиња, синот на Ејми, Катлер, и ќерката на Лана, Клара се нераздвојни пријатели.
Дечињата имаат две години и, иако се карактерно различни, се обожаваат.
Мајките дури заедно го формирале и блогот „Clara & Cutler“ со надеж дека ќе им помогнат на сите родители кои имаат дечиња со Даунов синдром.
Запознајте ги Клара и Катлер:
С. С. | Црнобело