Да каже „не“ и да не бега од проблеми: 5 работи на кои секој родител треба да го научи своето дете

Родителите се оние кои треба да се постојано со своите деца во текот на животот и да ги научат како да израснат во зрели, паметни и силни индивидуи.

da-kazhe-ne-i-da-ne-bega-od-problemi-5-raboti-na-koi-sekoj-roditel-treba-da-go-nauchi-svoeto-dete-01.jpg

Сепак, многу од нив понекогаш се плашат да не погрешат со одредена постапка, а со тоа може да направат уште поголем проблем.

Мора да знаете како да реагирате во различни ситуации и да го научите детето правилно да се справува со различни проблеми.

Во продолжение погледнете неколку ситуации, проблеми и решенија, кои ќе ви помогнат при воспитувањето на среќно и самоуверено дете:

Научете го да каже „не“

Проблем: Некој соученик бара од детето да ја препише домашната или задачата за на час. Вашето дете се сложува и како резултат на тоа, наставникот добива две идентични задачи и некој мора да биде казнет за тоа, а најчесто може да бидат двајцата.

Решение: Објаснете му на детето дека не треба да се потценува и дека не е ништо лошо ако понекогаш одбие, со оглед на тоа што тоа се подготвувало и учело за да ја сработи задачата, а некој само го користи неговото знаење.

Научете го детето да одбие на поинаков начин без да си наштети. На пример, може да каже „Уште не завршив, кога ќе завршам ќе ти помогнам“.

Аргументираниот одговор ќе му даде на детето самодоверба и ќе научи да го прави тоа што го сака без никој да му замери.

5-raboti-na-koi-sekoj-roditel-treba-da-go-nauchi-svoeto-dete-02.jpg

Научете го да ги менува работите без жалење и бегање

Проблем: Соучениците го третираат лошо вашето дете и се потсмеваат со него, па заради тоа детето не сака да оди на училиште бидејќи тоа за него е тортура.

Решение: Во таква ситуација, родителите не треба директно да се соочуваат со конфликтот и другите деца, бидејќи така ќе го направите неспособно вашето дете и ќе направите поголем проблем.

Објаснете му на детето дека не е до него, туку до другите деца кои сакаат да покажам дека се интересни служејќи се со навреди, бидејќи немаат други квалитети.

Најефективен начин за решавање на проблемот е детето да им покаже на другите дека тие зборови не го погодуваат и да им се смее на нивната глупавост. Кога останатите нема да ја добијат посакуваната реакција ќе се откажат, а вашето дете ќе излезе победник без насилство и без бегање.

Научете го дека спортот е дел од животот

Проблем: Детето ви е многу затворено во себе и срамежливо, па преферира да остане дома и да не комуницира со никој.

Решение: Запишете го детето на некој спорт кој најмногу му се допаѓа и за почеток придружувајте го додека се навикне, а најдобро е да одберете тимски спорт.

Со групата соиграчи ќе мора да комуницира и со тек на време ќе се зближи и ослободи. Ќе има нови пријатели, хоби, како и голема самодоверба.

5-raboti-na-koi-sekoj-roditel-treba-da-go-nauchi-svoeto-dete-03.jpg

Научете го дека достигнувањата не се единственото што е важно

Проблем: Секојпат кога детето ќе добие ниска оценка, станува нервозно и хистерично и плаче бидејќи не успеало подобро.

Решение: Многу родители се обидуваат да им овозможат на децата максимално знаење и образование, но понекогаш покрај тоа влеваат и страв кај децата од лошите оценки.

Природно, на секој достигнувањето му е важно, но не треба детето да се плаши да се врати дома и да ви соопшти за лошата оценка.

Покажете му љубов и дека не сè зависи од академскиот успех, иако и тоа е важно. Но, ако некогаш има неуспешен тест, објаснете му дека следниот пат ќе се поправи и нема ништо лошо во тоа за да преживува стрес.

Научете го да се сака какво што е

Проблем: Детето постојано почнува да збори за своите пријатели и нивните квалитети, притоа споредувајќи се со нив, без да каже убав збор за себе и почнува да расте со комплекси.

Решение: Не е важно дали имате ќерка или син, секое дете сака да се чувствува убаво и талентирано, а на тоа влијае околината. Затоа, постојано фалете го детето, давајте му комплименти и покажувајте му колку е талентирано.

Но сепак, покажувајте им дека дури и најдобрите имаат свои недостатоци и никој не може да биде совршен, но затоа секој е уникатен сам за себе.

5-raboti-na-koi-sekoj-roditel-treba-da-go-nauchi-svoeto-dete04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg