8 необични родителски техники со кои славните ги дисциплинираат своите деца
Од Барак Обама до Мадона, какви правила за воспитување на децата владеат во домовите на познатите личности?
Дали некогаш сте се запрашале како изгледа животот во луксузните домови на познатите личности? Каков е нивниот однос со децата и според какви правила ги воспитуваат?
Некои познати личности се навистина строги родители, додека други комплетно либерални.
Какви родителски техники применуваат славните личности на своите деца:
Дензел Вашингтон – воена дисциплина
Легендарниот актер секогаш одвојува време за своите 4 деца, но и ги учи на строга дисциплина, па на некои лекции од него понекогаш децата мора војнички да одговараат со „Да, господине“.
Пенелопе Круз – гледање на децата како на мали возрасни индивидуи
Филозофијата на воспитување на децата на Круз е дека бебињата треба да се гледаат како возрасни индивидуи, а не како деца.
Таа не применува бебешки говор кон нив, ниту ги теши кога плачат, затоа што смета дека нема потреба од потиснување на емоциите.
Мадона – строги правила што не смеат да се кршат
Таа има 6 деца на кои им наложува да следат строг начин на исхрана, не им дозволува да гледаат телевизија и да читаат магазини, а на ќерка ѝ Лурдес ѝ дозволила да има телефон дури на 16 години.
Памела Андерсон – го охрабрува експериментирањето
Актерката ги охрабрува децата да ги следат своите инстинкти, па дури и кога станува збор за интимноста или пробувањето на некои нелегални супстанции.
Таа смета дека со тоа што не им поставува строги закани кај нив нема да се појави бунтовност.