Вистински херои: Татковци кои се подготвени на сè за доброто на нивните ќерки
Ако мислите дека во растењето и воспитувањето на девојчињата, главна улога имаат само мајките, се лажете.
Таткото исто така има клучна улога во животот на детето, бидејќи односите кои се градат помеѓу нив се важни за среќното и безгрижно детство, како и за иднината на детето.
Па, иако можеби татковците не искусиле многу женски работи како на пример мајките, сепак постојат такви кои се трудат да бидат најдобар родител што можат за својата ќерка.
Токму затоа, овие кратки приказни на следниве татковци ќе ве воодушеват и ќе ви бидат инспирација, бидејќи навистина заслужуваат награда за најдобар татко:
1. Овој татко им поделил бонбончиња на сите патници во авионот, за неговата 3-годишна ќерка да може да собере слатки од сите и да го помине Halloween како што замислувала.
2. Татко изградил дрво во детската соба на неговата малечка принцеза за да се чувствува како во бајките.
3. „Речиси една година, мојот сопруг, секој месец ја носи нашата ќерка на состаноци. Тој доаѓа дома со цвеќиња, ѝ помага да одбере аутфит и ја носи некаде на десерт. Ова станува традиција.“
4. „Кога моето девојче ќе дојде со мене на кампување – ова е за мене без сомнеж еден од најдобрите моменти на татковството.“
5. „Мојот татко ме одведе на училиште на мојот прв школски ден. И денес, на последниот школски ден, тој е повторно покрај мене.“
6. Татко кој побарал да излезе од работа за да може да ѝ донесе цвеќиња на неговата ќеркичка додека е во училиште и да ѝ го разубави денот.