Мајка од Хрватска проговори за постпородилната депресија: „Не се чувствував како мајка“
Мартина открива дека се каела за бременоста, дека не се чувствувала како мајка и ја мачела мислата дека е лош човек.
Мартина Драженовиќ (33) е самохрана мајка од околината на Риека, Хрватска. Таа искрено проговори на тема за која многу жени молчат.
Мартина призна дека постпородилната депресија за неа била најтешката животна доба и ќе биде среќна ако со своето искуство ѝ помогне барем на една жена.
Денес таа е среќна и исполнета мајка на 12-годишно момче, а ова е искрената исповед на Мартина:
„Сè ми беше црно и многу пати помислив дека погрешив со бременоста и дека е подобро да ме нема. Живеам во мало место и ми беше срам да кажам дека нешто ми се случува. Се гадев од самата себеси. Ми беше важно другите да ме видат средена и ја криев вистината“, ја почнува таа својата приказна.
Мартина вели дека нејзиниот хорор се случувал кога имала 21 година, кога ненадејно се нашла во нова животна ситуација за кој никој не ѝ дал упатство.
Блиските луѓе ѝ помогнале со пресоблекувањето, капењето и хранењето на бебето, но никој не разговарал со неа околу тоа како се чувствува.
„На младата мајка ѝ е потребна огромна помош и поддршка. Не е лесно да препознаете во каква ментална состојба е“, вели таа.
Мартина одлучила дека нејзината примарна задача е деноноќна грижа за бебето. Правела сè што ѝ велеле дека треба да прави.
„Колку и да звучи ужасно, немав чувство дека сум мајка. Повеќето сето тоа ми беше како некоја задача. Буквално ме нервираа звуците од бебето и се прашував зошто воопшто ми требаше тоа.
Се чувствував лошо за изгледот, но најлоши беа мислите дека сум лоша личност. Кога бебето плачеше, сметав дека сум неспособна и дека со секоја негова солза станувам сè полоша личност. Со секој негов вресок тонев сè повеќе, а многу пати се откажував затоа што едноставно не знаев како да го смирам.
Надвор глумев дека сум среќна и дека сè е супер, но вистината беше комплетно спротивна. Во домот ми владееше неред, искористени пелени и нечисти садови. Кога ќе влезев во куќата, седнував и гледав во празно.“
Таа не сакала да побара стручна помош затоа што се плашела што ќе каже околината и дека можеби ќе ѝ го земат детето.
Таткото на детето, кој сметала дека ќе ѝ биде поддршка, ја напуштил кога бебето имало само 40 дена. Единствено мајката на една нејзината пријателка знаела колку лошо се чувствува Мартина.
Во тој период често ѝ се зацрнувало пред очите и станувала личност каква што не сакала да биде, но од друга страна, на моменти чувствувала порив да го сврти светот наопаку поради нејзиниот син.
Еден ден кога синот направил 7 месеци и ја туркала неговата количка по улицата, а тој бил многу мирен, бил првиот миг кога станала свесна дека е навистина мајка и го засакала тоа чувство. Иако, не разговарала со доктор за ситуацијата, сигурна е дека се борела со постпородилна депресија.
Нејзиниот син сега има 12 години ѝ е нејзин најдобар пријател и најголем учител, затоа што ја научил како да биде мајка.
Сепак, Мартина упатува апел до другите жени да не минуваат сами низ пеколот низ кој минала таа и да побараат стручна помош. Постпородилната депресија не е нешто срамно и може да ѝ се случи на секоја жена.
С. С. | Црнобело