Предлог женски имиња за бебиња кои симболизираат ЉУБОВ

Љубов, невидливата сила која нè придвижува кон сè во животот и главната причина поради која сме подобри и посреќни луѓе.

Zenski-iminja-za-bebinja-koi-zimboliziraat-ljubov-01.jpg

Зарем има нешто поубаво од име за вашето бебе кое ја симболизира најсилната човечка емоција?

Некои од нив можеби ќе ви звучат необично поради тоа што потекнуваат од други култури и различни делови на светот, но сите во својот корен потекнуваат од зборовите љубов и сакање.

Прочитајте го списокот со женски имиња кои симболизираат љубов, можеби ќе ве инспирира за името на вашето малечко:

Калина – во Австралија значи „да се сака“

Мина – Германско женско име кое значи „љубов“

Милена – на руски значи „миленица на луѓето, сакана од сите“

Аико – популарно јапонско име за девојчиња кое во превод значи „сакана малечка“

Амора – на шпански означува „љубов“

Есме – на старофранцуски значи „да се љуби“

Ахава – еврејско име кое симболизира „пријателство, сакана“

Лололи – во Африка ова се преведува како (секогаш постои љубов)

Калила – на арапски значи „драга, сакана“

Феми – во стариот Египет ова бил зборот за „љубов“

Шери – на француски значи „медена, драга, сакана“

Халија – на хавајски ова име значи „сеќавање на саканата личност“

Кара – „сакана“ на италијански

Амара – кога се преведува од грчки означува „прекрасна засекогаш“

Афродита – зарем има поубава симболика од божицата на љубовта?

Давина – шкотско име кое симболизира „сакана“ и „пријател“

Фреа – потекнува од скандинавската култура според името на истоимената божица на љубовта и плодноста од норвешката митологија

Имоген – уште едно прекрасно грчко име кое значи „сакано дете“

Вида – во шпанскиот јазик означува „сакана од срце“ и „живот“

Кое име ви се допаѓа најмногу?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
9 најубави имиња за момчиња и девојчиња родени во февруари Имињата во февруари често се врзуваат со Денот на виното и Денот на заљубените. ...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg