9 работи кои родителите треба да ги знаат за да ја зачуваат безбедноста на малите деца

Давајте му цврста храна постепено  

Кога вашето дете ќе може да почне да јаде потврда храна и ќе ги остави кашите зад себе, тоа не значи веднаш да почнете да му давате секаква храна.

Многу јадења како јајцата, јаткастите плодови, рибата и сл. може да предизвикаат алергии кај децата, па во консултација со докторот почнувајте едно по едно.

На пример, давајте му едно јадење неколку дена и проверете ја реакцијата, наместо да измешате повеќе јадења одеднаш и доколку има негативна реакција да не знаете од што е.

Плус, вака детето ќе почне да ги разликува различните вкусови на јадењата.

9-raboti-koi-roditelite-treba-da-gi-znaat-za-da-ja-zachuvaat-bezbednosta-na-malite-deca-05.jpg

Бидете внимателни кога го возите детето

Правилото за не користење на мобилен телефон за време на возење, важи и кога сте сами, но посебно кога го возите вашето дете.

Исто така, никогаш не брзајте кога го местите во детското седиште – добро уверете се дека е правилно заврзано и наместено.

9-raboti-koi-roditelite-treba-da-gi-znaat-za-da-ja-zachuvaat-bezbednosta-na-malite-deca-06.jpg

Направете си распоред на спиење според вашето дете

Новите родители, посебно оние на кои им е првпат, се соочуваат со голем недостаток на сон. Целото искуство е исцрпувачко, а посебно кај мајките тоа често знае да доведе до постпородилна депресија.

За да не се случи тоа, следете го правилото „одмор кога детето спие“. Наместо кога детето ќе заспие вие да роварите по домот и да се изморите повеќе, одморете малку и вие со него.

Секако, бидете во близина.

9-raboti-koi-roditelite-treba-da-gi-znaat-za-da-ja-zachuvaat-bezbednosta-na-malite-deca-07.jpg

Бањање на бебето

Многу родители се скептични, но порано или подоцна, мора да научат да го прават тоа. Затоа е добро да се навикнат уште на почетокот кога ќе добијат помош од поискусните.

Друго важно правило е никогаш да не ви падне на памет да го оставите детето само во коритото дури ни на секунда.

Температурата на водата е исто така многу важна, бидејќи кожата на детето е чувствителна, па независно колку сте станале искусни, секогаш проверувајте ја водата со рака.

9-raboti-koi-roditelite-treba-da-gi-znaat-za-da-ja-zachuvaat-bezbednosta-na-malite-deca-08.jpg

Верувајте му на инстинктот

Ова посебно важи за мајките бидејќи тие навистина се поврзани со децата, па затоа секогаш верувајте му на вашиот инстинкт.

9-raboti-koi-roditelite-treba-da-gi-znaat-za-da-ja-zachuvaat-bezbednosta-na-malite-deca-09.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg