9 работи кои родителите треба да ги знаат за да ја зачуваат безбедноста на малите деца
Повеќето родители на дечиња кои се на помала возраст (1-2 години) се соочуваат со вистински предизвик кога станува збор за безбедноста на бебето.
Понекогаш навистина не е лесно да се внимава на сè, а секако, никој не сака да се случи нешто што би било опасно.
За среќа, постојат многу споделени искуства и совети кои им помагаат на новите родители во чувањето.
Следете ги следниве неколку совети ако сакате вашето дете да биде безбедно:
Не ставајте непотребни работи во креветчето на детето
Никогаш не ставајте вишок перници и кебиња во креветчето, колку и да е мало детето, не можете да знаете како размислува, па не ризикувајте и тргнете ги сите непотребни работи од креветчето.
Искористете ја ролната од тоалетна хартија за да ги тестирате играчките
Иако некои играчки кои може да предизвикаат гушење кај децата се ограничени со возраст, сепак подобро е кога и сами ќе се уверите во тоа.
Трикот е следниот – ставете ја играчката во празна ролна од тоалет, ако се совпадне – постои можност да се заглави во грлото на детето ако случајно ја голтне. Не ризикувајте!
Не го оставајте детето без надзор
Дремката на вашето малечко не е шанса за вие да се искрадете и да поминете време сами, притоа оставајќи го и него само.
Тие се малечки и лесно може да се повредат. Секако, не мора да мислите на тоа постојано, но бидете внимателни, бидејќи понекогаш е доволна 1 секунда невнимание за ситуацијата да стане опасна.
Па, или набљудувајте го детето додека вие правите некоја друга активност, или поставете уреди за снимање со што ќе го надгледувате од друга соба.
Заштитете го домот
Ова треба да го направите уште пред да се роди детето, бидејќи има многу работи кои детето кога ќе потпорасне може да ги стави во уста, да ги допре, да се удри од остри краеви или да скрши нешто.