8 типови на мајки за време на празниците - што прави секоја од нив?

Едни мајки ги обожуваат зимските празници, вторите не можат ни да ги смислат, додека третите ги сакаат и мразат во исто време. Но, тие сеедно ги прославуваат со најмилите.

8-tipovi-na-majki-za-vreme-na-praznicite-shto-pravi-sekoja-od-niv-1.jpg

Во пресрет на Нова година и Божиќ, ви подготвивме забавна листа на карактери, каде помалку или повеќе - секоја мајка ќе се препознае во описите.

Прочитајте кои осум типови на мајки се издвојуваат за време на празниците, односно што прави секоја од нив:

1. Мајката која „растура“ за празниците

Таа е паметна, организирана и способна мајка, на која ѝ нема рамна за Нова година и Божиќ. Таа никогаш не купува готови торти и колачи, затоа што сака самата да ги спреми. Впрочем, десертите што таа ги приготвува, секогаш се и највкусните.

Нејзиниот дом е беспрекорно украсен, а згора на сѐ, умее да направи и добра атмосфера. Сите потајно посакуваат да ѝ бидат гости, знаејќи дека совршено ќе си поминат. Како ли само ѝ успева да биде најдобра? Да, таа апсолутно „растура“ за празниците.

8-tipovi-na-majki-za-vreme-na-praznicite-shto-pravi-sekoja-od-niv-1.gif

2. Мајката која се прашува: „Леле, зарем веќе е 31 декември?!“

Традиционално, таа секогаш трча по подароци во крајниот миг. А, во очи на новата година, чека редици на каси по продавниците, затоа што сите намирници за домот ги купува во 5 до 12. Меѓутоа, иако е по малку неорганизирана и сѐ остава за последна минута – оваа мајка сепак ќе стигне да ги заврши сите обврски и да ги усреќи членовите на семејството.

8-tipovi-na-majki-za-vreme-na-praznicite-shto-pravi-sekoja-od-niv-3.gif

3. Мајката која се спрема уште од летото

Таа е комплетна спротивност на претходниот тип на мајка. Грижлива е и внимателна, па секогаш ја завршува нејзината листа на подароци пред декември. Всушност, за нив размислува уште од летото! Мудро купува, следи попусти и темелно го промислува својот избор на дарови за најблиските.

8-tipovi-na-majki-za-vreme-na-praznicite-shto-pravi-sekoja-od-niv-4.gif

4. Мајката која ја обожува празничната магија

Ако постои мајка што на празниците им се радува повеќе од децата, тогаш тоа е токму таа. Опседната е со славењето на Нова година и Божиќ. Од празничните песни, декорации и светилки, до украсувањето на елката и трпезата – таа ужива во буквално секој миг. Нејзиниот дом се претвора во вистинска земја на чудата веќе од ноември, а го раскитува дури во февруари.

8-tipovi-na-majki-za-vreme-na-praznicite-shto-pravi-sekoja-od-niv-5.gif

5. Мајката која сѐ сама изработува

Кога ќе го посетите домот на оваа креативна мајка, имате чувство дека сте на Pinterest. Полн е со оригинални идеи, а таа неуморно работи на своите празнични проекти. Таа хекла, таа шие, таа пече, таа украсува.

Ќе ве воодушеват ракотворбите и украсите кои самата ги има направено. А, децата задолжително ќе добијат безвременски подарок, што мама специјално за нив го изработила.

8-tipovi-na-majki-za-vreme-na-praznicite-shto-pravi-sekoja-od-niv-6.gif

6. Мајката која премногу се грижи

Тоа е мајката што премногу работи, премногу е под стрес и премногу е посветена. Ќе направи сѐ – од организација на прославата до купување на подароци за и наместо сите други - а ќе остане и будна после полноќ за убаво да ги спакува.

Ќе се понуди и таа да биде домаќинка за обете страни на семејството, иако е трудна и веќе има две деца. Меѓутоа, наспроти сиот напор, таа ги сака празниците, па не би се менувала со никого и за ништо на светот.

8-tipovi-na-majki-za-vreme-na-praznicite-shto-pravi-sekoja-od-niv-7.gif

7. Мајката која сѐ купува преку интернет

Таа е мошне модерна и паметна госпоѓа. Не губи време во трговските центри, бидејќи сѐ и е веќе купено преку интернет. Не мора да плаќа ниту поштарина, затоа што е доволно мудра да пазарува во онлајн продавници кои нудат бесплатна достава. Блазе нејзе, зар не?

8-tipovi-na-majki-za-vreme-na-praznicite-shto-pravi-sekoja-od-niv-8.gif

8. Мајката која „живее“ во продавници

За разлика од гореспоменатата мајка, нејзе ви се чини дека постојано ја среќавате низ трговските центри. Поточно, неа и малечките. Не е важно во кое доба од денот – таа секогаш нешто купува. Нешто на кое дополнително се сетила, или, пак, нешто на кое сосема заборавила.

Се разбира, таа никогаш не промашува со изборот на подароци, бидејќи им прави детален „попис“ на сите можни продавници. 

8-tipovi-na-majki-za-vreme-na-praznicite-shto-pravi-sekoja-od-niv-9.gif

Се препознавте ли во некој посебен тип на мајка?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Мајка ми не трчаше на лекар за секоја ситница, не ѝ паѓаше на памет да ме штити од наставниците“: Р... „Нашите мајки не се плашеа толку за нас. Денес - дои го детето до трето одделени...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg