Фитнес блогерка откри како ги надминала стравовите од промените на телото во бременоста

Од стрии и отечени зглобови до проблеми со менталното здравје, оваа фитнес блогерка ги открива сите страни на бременоста.

fitness-blogerka-otkri-kako-gi-nadminala-stravovite-od-promenite-na-teloto-vo-bremenosta-01.jpg

Фенела Скарлет МекКол е фитнес блогерка од Мелбурн, која одлучи отворено да проговори за стравовите во бременоста. Таа е во шестиот месец од бременоста и почнувајќи од месец јули постојано на своите 93.000 следбеници на Инстаграм им говори како бременоста влијае на неа, физички и емоционално.

Фенела вестите за бременоста за прв пат на Инстаграм ги сподели во 9-тата недела , кога откри дека покрај тоа што е пресреќна и возбудена, искусува и неверојатно високо ниво на летаргија. Едноставно се чувствувала безенергична.

Во 14-тата недела таа откри дека се чувстувувала несигурно и изгубено, но конечно започнала да ги прифаќа промените што и се случуваат на телото, како стрии и целулит кај бутовите.

Во 15-тата недела откри дека сè уште се бори со промените што се случуваат на нејзиното тело и со фактот што качила два пати повеќе од препорачаната тежина за тој период.

Но потоа Фенела откри дека одлучила да се фокусира на тоа да биде среќна и здрава наместо тонирана.

„Прегрнете ја улогата, заедно со целулитот и зголемената тежина во бременоста. Фокусирајте се на позитивните емоции и цели. Јас имав некои чудни појави на телото за време на бременоста, кои ми носеа срам, но сфатив дека сето тоа е дел од животот и одлучив низ тоа да минам со високо крената глава“, порача таа.

https://www.instagram.com/p/BbJh9NuFNbJ/?taken-by=fitfenji

Сега Фенела е во 24-тата недела од бременоста и вели дека го чувствува бебето како мрда во нејзиниот стомак и се повеќе и повеќе се вљубува во него. Благословена е од улогата, па не мисли на тоа дека не може да си ги врзе врвките на чевлите и има акни на задникот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
На 40 години конечно сфатив - мама беше во право! На секој мој несмасен обид да се вратам во времето и да поправам сè, мајка ми се...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg