„Не сакам да бирам кај кој ми е поубаво“: Детски пораки до разведените родители
Разводот на родителите секогаш најтешко им паѓа на децата. Тоа знае да биде тешко и болно искуство за нив, особено ако децата се мали.
Тие нема да знаат најдобро да се справат со сите емоции во тој период и ќе им биде тешко да го искажат со зборови она што го мислат. На децата треба да им се нагласи дека тие не се виновни за разделбата на родителите.
Исто така, не е во ред родителите да се караат пред децата, како и едниот родител да зборува лошо за другиот пред детето.
Ова се пораките кои децата сакаат да им ги кажат на своите разведени родители, но не секогаш наоѓаат начин како да го соопштат тоа:
„Знам дека сум мирен/а кога ќе се вратам од кај мама/тато, но тоа е така бидејќи ми треба време пак да се навикнам на тебе“.
„Понекогаш ми е тешко да ти кажам дека убаво си поминав кај мама/тато затоа што страв ми е да не ми се налутиш“.
„Навистина ми е тешко кога зборуваш лошо за мама/тато“.
„Кога сум кај мама ми недостасува тато, а кога сум кај тато ми недостасува мама“.
„Не треба да криеш од мене дека се гледаш со некого. Важно ми е само да знам дека секогаш ќе останеш тука за мене“.
„Не сакам многу детали за тоа што поминало, сакам да знам како ќе биде во иднина“.
„Не ме прашувај што има ново во животот на мама/тато и не ме терај да ти откривам што прави и со кого зборува. Ако те интересира, прашај го/ја него/неа“.
„Не сакам да бирам кај кој си поминувам поубаво, и кај двајцата ми е подеднакво интересно и и двајцата ве сакам исто“.
М. В. | Црнобело