Еден збор кој ќе ви помогне да израснете среќно и воспитано дете
Воспитувањето на детето е важен процес кој вклучува многу голема одговорност.
Тоа е клучно за оформување на карактерот и на некој начин иднината на детето.
Затоа, родителите користат различни методи за да постигнат договор и разбирање со своето дете и правилно да го воспитаат и научат на вредности.
Сепак, постои еден универзален метод – со само еден збор ќе ви биде многу полесно да соработувате со детето.
Откријте ја магичната моќ на зборот „ајде“ кој ќе му помогне на детето да ја почувствува вашата поддршка.
1.
Најважно е да работите заедно. Децата до 9 години немаат чувство за нивното сопствено „јас“, туку за „ние“. Затоа вклучете го детето во секојдневните активности, а најважно од сѐ е да му понудите помош.
Користете ги зборовите: „Ајде да те научам како“.
2.
Многу често родителите ја прават истата грешка – им наредуваат на децата да направат нешто. Детето го чувствува авторитетот и станува нервозно. Постои поефективен начин за истиот резултат – барање.
Ако сакате детето да направи нешто, побарајте му или понудете му помош – „Ајде заедно...“ или „Ајде да се договориме“.
3.
Заедно со зборот „ајде“ има уште 2 добро познати моќни зборчиња – „те молам“ и „благодарам“. Така ќе го научите детето да биде културно и благодарно.
4.
Изградете комуникација со детето, така што тоа ќе чувствува дека и неговото мислење е важно. Поставувајте му прашања и правете компромиси.
Искористете ја и фразата „Ајде ти кажи ми што мислиш...“ и така освен што ќе размислува повеќе, ќе биде и посамоуверено.
5.
Многу често децата не знаат што сакате од нив, а тоа може да доведе до недоразбирања и хистерија. Не поставувајте им реторички прашања и формулирајте ги прашањата позитивно.
И запомнете – децата очекуваат помош од нивните родители и сакаат да бидат слушнати.
Ајде да им овозможиме да се изразат себеси и да изградиме природни семејни врски и воспитани и способни деца.
М. М. | Црнобело