Креативен татко им изгради прекрасна куќичка за играње на своите две ќерки
Сите деца сонуваат да имаат голема соба со многу играчки каде што ќе можат бескрајно да си играат и да се забавуваат.
Еден креативен татко од Мичиген, Адам Бојд, им го остварил сонот на своите две ќеркички Ејвери и Вајолет. Наместо само една соба, тој изградил прекрасна куќичка за играње на два спрата, сместена во дворот пред нивната куќа.
Куќичката е висока околу 7 метри, направена е од камен и дрво, a има скали, лулашки и сè што едно дете може да посака.
Неговите ќеркички се пресреќни што имаат ваков убав простор наменет само за нив две, и тоа во нивната омилена боја - виолетова.
Вредниот татко се охрабрил од неговите способности при изградбата на оваа куќичка, па отворил и градежна компанија која ќе биде наменета за изградба на вакви детски куќички за играње.
Ѕирнете во ова виолетово царство – сон на сите девојчиња:
М. В. | Црнобело