Името на детето ги открива амбициите и карактерот на родителите

Дури и да не сте родители, сигурно имате листа на имиња кои ви се допаѓаат за во иднина. А, родителите пак кои веќе се одлучиле за едно единствено име, постои добра причина зад нивната одлука.

imeto-na-deteto-gi-otkriva-ambiciite-i-karakterot-na-roditelite-001.jpg

Ги откриваме карактерните црти и амбиции на родителите преку името на нивното дете:

Имиња од познати личности

Трендот на „што понеобично - тоа подобро“ го смислија познатите и веќе се повторува неколку години. Родителите кои на своите деца им даваат вакви имиња најчесто се желни за внимание од околината. Големи се шансите и самите родители да имаат име кое го делат со многу врсници, па тоа не им се допаѓа.

Старински имиња

Родителите кои на своите деца им даваат старински имиња се сметаат за конзервативни. Но, тоа не мора да го сфаќате негативно. Во морето на чудни имиња, не е лошо да се сетиме колку убаво може да звучат традиционалните.

Единствено име

Често родителите кои сакаат да измислат целосно ново име се карактеризираат како креативни и по малку чудни. Бидете внимателни, бидејќи утре не сакате да го исмеваат на училиште заради вашата претерана фикс идеја. Не дозволувајте моментот на креативност да стане товар за детето.

Семејни имиња

Сосема очекувано, се работи за сентиментални родители кои ги почитуваат семејните вредности. Сепак, земете го предвид и звучноста на името, бидејќи повеќето луѓе кои вашето дете ќе ги сретне во животот нема да ја знаат семејната приказна зад него, па би требало барем да звучи впечатливо и соодветно.

Унисекс имиња

Имињата кои одговараат и на машки и на женски деца најчесто ги одбираат родители кои се успешни на поле кариера. Унисекс имињата за нив значат предуслов за успех за детето во иднина.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg