7 знаци дека за вашите деца сте супер татко
Да се биде татко е тешка работа. Татковците се прекрасни, тие прават сѐ за своите деца.
Ги посветуваат своите животи за да видат слатка насмевка на лицето од нивните малечки. За децата татковците се херои и нивни идоли.
Еве кои се одликите на супер татковците:
Верувате во вашите деца
Верувате во способноста на вашите деца да постигнат одредени цели и вложувате време и енергија во тоа. На овој начин правите и вашето дете да верува во себеси.
Ги слушате вашите деца
Ги слушате сите смешни приказни што вашата ќерка или син ви ги раскажуваат. Од содржината на најновиот омилен цртан филм до нивниот замислен свет, секогаш сте тука кога вашите деца имаат потреба за разговор.
Вие сте им рамо за плачење и во секоја пригода имате добар совет за нив. Добрите татковци ги знаат своите деца комплетно затоа што внимателно слушаат што имаат тие да им кажат.
Се грижите многу
Расположението на вашите деца влијае многу на вас. Како би можеле да уживате кога вашето дете е вознемирено или пак како би можеле да бидете тажни кога толку слатко ви се насмевнува?
Вие го спуштате штитот и на вашето семејство му покажувате колку многу се грижите.
Минувате квалитетно време со децата
Секогаш сте на клупата и ги поддржувате нивните обиди во спортот или пак дома им помагате со домашната задача кога ќе наидат на препрека.
Ги славите нивните достигнувања
Зарем има нешто подобро од славењето на успехот на вашето дете? Само мало внимание и оддадена почит од родителите ги охрабрува децата за нови работи.
Одлично раскажувате приказни
Супер таткото знае дека раскажувањето на приказни е одличен начин на учење нови работи, но и поврзување со децата.
Привлечете им го вниманието, разбудете им ја љубопитноста и дозволете им и ним да учествуваат во креирањето на ликовите и текот на приказната.
Им помагате во процесот на пронаоѓање на одговорите
Одличните татковци секогаш го кажуваат процесот на пронаоѓањето на одговорите, а не одговорите конкретно.
Учењето трае цел живот, а супер татковите на овој начин го конструираат патот до успехот.
С. С. | Црнобело