Што се случува во главата на малото дете кога ќе добие брат или сестра?

Што навистина се случува во главата на првороденото детенце и како да му помогнете да се навикне на новата ситуација?

Sto-se-slucuva-vo-glavata-na-maloto-dete-koga-ke-dobie-brat-ili-sestra-01.jpg

Доаѓањето на новото бебе во домот е голема работа, особено за вашите постари дечиња. Мора да знаете дека сите негови реакции се оправдани, без разлика колку тоа да ви се чини неразумно или неприфатливо.

Вие сте единствената личност којашто може да му помогне на детето да се навикне на новото братче или сестриче.

Замислете ситуација во која вашиот сопруг би донел друга помлада жена во куќата и би ви рекол: „Таа е млада, ѝ треба време да се навикне. Ти треба да ја сакаш и да ја пазиш“.

Како вие би се чувствувале?

Веројатно ќе пукате од бес и љубомора. Сега замислете ситуација во која кога ќе ги покажувате своите чувства на кој било начин (а особено неадекватен) и секојпат ќе бидете за тоа казнувани (со викање и закани).

Како би се чувствувале во таква ситуација? Претпоставката е дека би се чувствувале дополнително резигнирано, бесно и љубоморно.

Ова се само неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат да сфатите што се случува со постарото дете кога ќе донесете ново бебе дома:

Прифатете ги нивните емоции кои се потполно очекувани и обидете се да не ги осудувате

Доколку сега се ставите во ситуација на своето провороденче, тогаш ви е јасно дека чувствата на љубомора, бес и лутина не можат никако да се избегнат.

Затоа е важно да ги прифатите како потполно природна реакција кон новонастанатата ситуација. Исто така, многу е важно детето да не го осудувате и да не го казнувате.

Размислувајте и препознајте ги емоциитe, а потоа потрудете се да ги смирите

Децата овие емоции може да ги манисфестираат на различни начини. Испади на незадоволство, постојани молби да си играте со нив, повторно мочкање во гаќи, барање да пие млеко од шише како бебе, па дури и со агресивна тенденција кон родителите и бебето со удирање и сл.

Сите овие испади се манифестации за родителите коишто можат да предизвикаат чувства на лутина кон детето, загриженост па дури и вина. И ова се потполно нормални чувства кои може да се јават.

Меѓутоа, ова се нефункционални чувства затоа што ќе ве доведат до ситуација да викате или да го казнувате детето, или пак постојано да пробувате да го надоместите изгубеното време со постарото дете.

Заради тоа е важно кога ќе препознаете точно како се чувствувате прво тоа да го регулирате, па потоа да се ориентирате што треба да преземете понатаму.

Доколку детето е агресивно, немојте да го казнувате туку...

Доколку вашето првородено дете е агресивно кон вас или новото бебе обидете се без паника и смирено да го одвратите од ситуацијата (ако треба без зборови, земете го во раце и физички отстранете го, без грубости).

Почекајте сите да се смират, а потоа кога се спремни разговарајте со постарото дете во врска со тоа што не ви се допаѓа и кои се последиците од неговото однесување. Секако ова треба да се повторува постојано сè додека агресивното однесување не престане.

Доколку детето е сè уште мало и не почнало да зборува, доволно е само да го тргнете од ситуацијата со кратка реченица – „Ние не удираме други“.

Оваа реченица треба да е изговорена како еден вид правило, без викање, но цврсто и одлучно.

Организирајте време со своето првородено дете еден на еден

За да се чувствува првото дете прифатено во фамилијата важно е барем еднаш неделно двајцата или еден од родителите да поминат квалитетно време со него, без бебето.

Одење во кино, шетање, шопинг или слаткарница може да помогнат детето да се почувствува битно во очите на родителот како и да се изгради и одржува квалитетна комуникација.

Направете провороденото дете да се чувствува корисно кога треба да се грижи за бебето

Би било пожелно детето да го вклучувате во рутински активности кои се однесуваат на новото бебе. На пример, детето може да биде задолжено за носење на пелени и влажни марамчиња кога треба да се пресоблече помалото братче или сестриче.

Или кога ќе го бањате бебето, постариот брат или сестра може да му ги мие рачињата. На овој начин се задоволува потребата детето да придонесува во фамилијата.

Секако нема сите деца да бидат спремни на овие чекори, и ако ситуацијата е таква не треба да се инсистира на помош по секоја цена. На тој начин може само да создадете уште поголема одбивност помеѓу дечињата.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg