Креативна фотосесија: Мајка ги прикажува секојдневните маки во бременоста
На мајката Маја Вордерштрасе ѝ здодеало да гледа фотографии од бременоста како совршено искуство.
Поради тоа, таа решила да направи своја фотосесија на која ќе прикаже како реално изгледаат секојдневните маки на бремените жени.
Таа вели дека жените треба да го прифатат хаосот кој доаѓа со улогата на мајка, а не да очекуваат дека сè ќе оди „како подмачкано“, како што всушност се прикажува на фотографиите што ги гледаме на интернет.
Бремените жени често имаат отечени стапала, неконтролирана желба за јадење, промени на расположението и слично, а сите тие маки Маја ги споделува на нејзиниот Инстаграм профил.
Во фотографиите го има и нејзиниот сопруг и ќеркичката.
Маја се породила пред околу две недели и продолжила да го документира нејзиниот семеен живот на комичен и реален начин.
Се согласувате ли и вие со неа и ситуациите кои таа ги прикажува во фотките?
М. В. | Црнобело