Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кинеска табела за пресметување на полот на бебето

Доколку сте бремени и нетрпеливи – откријте, а доколку веќе имате дечиња – проверете ја точноста на оваа табела.

kineska-tabela-za-presmetuvanje-na-polot-na-bebeto-001.jpg

Се разбира дека најважно е бебето да е здраво, меѓутоа ниту едни родители не се имуни на љубопитноста каков пол е нивното дете.

Иако е речиси невозможно да го откриете полот преку бајачки и бабини деветини, сепак некогаш може да се погоди, на среќа.

Но, за оваа кинеска табела се тврди дека има голем процент на точност.

kineska-tabela-za-presmetuvanje-na-polot-na-bebeto-002.jpg

Треба да го вкрстите месецот во кој бебето е зачнато со годините кои сте ги имале во моментот. Но, важно е да ја користите вашата „кинеска“ возраст.

Во Кина, кога бебето ќе се роди, веќе се смета дека има една година. Кога ќе дојде Кинеската нова година, се смета дека има две години. 

Ова значи дека според кинеското сметање на годините, вие имате една или две години повеќе отколку што имате. Односно, ако имате 27, според кинеското сметање имате 28 или 29.

Бидејќи Кинеската нова година секогаш е на различен датум, најлесно е да го искористите калкулаторот на линкот.

На полето Your Date of Birth запишете го вашиот датум на раѓање. На долното поле - Lunar Age and Lunar Day as on - треба да стои датумот на зачнување.

Калкулаторот ќе ви ја пресмета кинеската возраст на денот на зачнување, па потоа само искористете ја табелата погоре. 

Розовите полиња се ознака за девојче, сините се ознака за момче.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Летување со бебе: На што да внимавате и што да понесете со себе? Какви лекови да земете и кога е најповолен период за на плажа? Што сè треба да з...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
„По мојот развод на 40 години, си кажав дека нема да се омажам никогаш повеќе, но се премислив“ „Го променив моето мислење кога закрепнав и почнав да му се молам на Бог да ми д...
12 реални (и малку непријатни) ситуации во кои се нашле мајките барем еднаш, низ илустрации Мајките често се соочуваат со двојни стандарди, па се случува да бидат критикува...
Искрена исповед на мајка: „Тешко ми е летниот период со бебе, кога не можам да излезам надвор“ Кои се вашите размислувања? Дали сметате дека повеќето мајки се&n...
7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg