Зошто се неопходни седиштата за дечиња во автомобилите?

За жал, сведоци сме нa сѐ почести трагични вести од патиштата низ светот кои секоја година се сѐ побројни. Овие статистички податоци покажуваат дека повеќе од 10% од жртвите во автомобилските несреќи се токму децата.

Zosto-se-neophodni-sedistata-za-decinja-vo-avtomobilite-01.jpg

Еден од начините да ѝ застанеме на патот на оваа црна статистика е начинот на користење на седиштата за деца во автомобилите.

Без разлика дали ќе се возите само низ град или ќе одите на подолг пат, бидете совесен родител чие дете ќе биде правилно врзано во своето правилно поставено детско седиште во автомобилот.

Имајте на ум дека и при брзина од 25 километри на час, на телоtо делува сила 25 пати поголема од тежината на објектот, што значи дека ако вашето дете не е добро врзано, дури и при кратко возење низ град може да се здобие со сериозни повреди.

При купувањето и изборот на седишта за деца, родителите се честопати во дилема бидејќи на пазарот постои голем избор на модели и цени кои знаат да збунат.

Доколку веќе сте купиле седиште за дете или сѐ уште сте во потрага по идеалното, прочитајте неколку дилеми со кои се среќаваат родителите при изборот на совршеното седиште.

Колку е важен атестот на детското седиште?

За да може седиштето да му пружи адекватна заштита на вашето дете во автомобилот, истото мора да е атестирано. Кога купувате седиште побарајте ги ознаките ECE R 44/04 или ECE R 129, кои ја гарантираат безбедноста, а се препишани од Директивата за Економската комисија на Обединетите Нации за Европа.

Овие ознаки треба да бидат првото нешто коешто ќе го побарате при купување на детското седиште за автомобил. Можете да ги најдете на налепницата на седиштето со заокружена буква Е и број којшто го означува кодот на земјата која го издала атестот.

Имам стар автомобил кој нема сигурносен појас на задните седишта. Што во овој случај?

За жал, оваа слика не е редок пример во Македонија. Ако вашиот автомобил не поседува сигурносен појас на задните седишта, наједноставно решение е да вградите појаси во овластен сервис.

Не поставувајте седишта за деца без сигурносни појаси, бидејќи со тоа може само да предизвикате контра ефект. Седиштето кое не е адекватно поставено автоматски не е безбедно седиште.

Може ли седиштето да е свртено спротивно од правецот на возењето?

Во оваа положба најчесто се возат бебиња до 15 месеци старост, но може и постари. На пример, во скандинавските земји во оваа положба се возат децата отприлика до четвртата година бидејќи така се побезбедни во сообраќајот, особено при челни судари, коишто секако се почести.

Седиштето се поставува спротивно на правецот на возењето со цел при нагло кочење главата на детето, која е многу потешка од остатокот на телото, да може да се потпре на седиштето и така да се избегнат повреди на вратот и ‘рбетот.

Може ли да го поставам детското седиште на предното седиште до возачкото?

Забрането со закон е напред да се возат деца помали од 12 години. Сепак, дозволено е да се возат деца до 3 години во седиште за деца свртено спротивно од правецот на возењето доколку автомобилот нема воздушно перниче кај совозачот или истото е исклучено.

Употреба на седиштата за деца на пократки релации

„Одам до продавница, брзо ќе се вратиме, ме мрзи да го ставам во седиштето за деца, се брзам...“.  Колку пати сте ги слушнале овие изговори на родителите, а можеби и вие сте ги кажале?

Повеќе од 70% од сообраќајните несреќи се случуваат во град и тоа на растојанија помали од 8 километри од местото на поаѓање. Затоа, не заборавајте на оваа статистика и потрудете се секогаш кога е детето со вас во автомобилот да биде безбедно и сигурно.

Заборавете на изговорите како „И јас пораснав без седиште, па ништо не ми фали“ или „Не можам да го купам, скапо ми е“ , бидејќи безбедноста на вашите деца е во вашите раце.


Затоа драги родители, памет во глава бидејќи опасноста никогаш не одмара, па потрудете се и безбедноста никогаш да не е на одмор.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg